Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на секоја жена. Најголема грижа
и желба на секоја мајка претставува здравјето и правилниот развој на нејзиното бебе.
Голем број жени се соочуваат со многу предизвици и одлуки што треба да ги донесат,
од моментот пред зачнувањето, па сè до раѓањето на бебето. Лабораториските
тестови и лекарските прегледи се суштинска компонента во текот на секоја бременост,
тие обезбедуваат важни информации за следење на здравјето на идната мајка и на
нејзиното бебе. Нашата ДНК ги носи сите генетски информации што се потребни за добро здравје и за правилен развој. Таа постои во форма на 23 пара хромозоми во нашите клетки. Но, за време на бременоста може да се појават хромозомски абнормалности и да влијаат врз здравјето и развојот на бебето. Ваквите нарушувања не можат да се детектираат со вообичаените рутински тестови и прегледи.
Во Авицена Лабораторија е достапен BabyTest Plus и Advanced, генетски неинвазивен
пренатален тест за брза и прецизна детекција од 99.9%, на најчестите хромозомски
нарушувања кај плодот. Овој тест врши анализа на ДНК од плодот, која циркулира за
време на бременоста во крвта на мајката, и со помош на новите технологии оваа ДНК
се секвенционира и детално се анализира за можни хромозомски нарушувања кај
плодот.
Што треба да знае секоја идна мајка за BabyTest Plus/Advanced?
Се прави по 9-тата гестациска недела од бременоста, преку земање едноставен
примерок од венска крв во Авицена Лабораторија како и за секоја друга рутинска
анализа, при што со овој начин, тестот нема никаков ризик врз мајката и врз плодот.
Тестот е комплетен и ги анализира сите 24 хромозоми од човечкиот кариотип, со
висока прецизност на издадените резултати од над 99.9%, покрај останатите
детектира и трисомии на хромозоми 16 и 22 најчесто поврзани со спонтани абортуси,
го одредува полот на бебето, а постои и можност за тестирање на близначка
бременост. Верзијата BabyTest Advanced дополнително одредува 10 микроделеции, кои се поврзани со познати генетски синдроми. BabyTest Plus и Advanced се достапни на 3, 6, 9 и 12 рати. Резултатите се издаваат за 6-7 работни дена заедно со целосниот медицински извештај. За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk.
Текстот е објавен во соработка со Авицена Лабараторија. Во nea.mk промовираме само компании и производи кои ги сакаме и поддржуваме.