Сонцето секогаш не потсетува на парк, кафенце и шарени нокти. Па така одлучивме да ви дадеме неколку идеи за светли нокти што ќе изнудат насмевка и во најтешките денови.
Елементи во боја на проѕирна позадина
Слично како и фотографиите подолу, оваа комбинација секогаш дава интресен 3Д ефект. Француски маникир во боја е секогаш интересна опција, а доколку не сте фан на истиот експериментирајте со други форми. Тоа можат да бидат облачиња, цветчиња, срценца или апстрактни линии.
Шарени нокти во слични тонови
Нам конкретно ни се допаѓаат пастелните тонови, слободно користете различна боја на секој нокт. Зошто да не? Убавото време некако не тера да правиме откачени избори и кога се ноктите во прашање.
Нокти со откачени „принтови“ и јаки, светли бои
Не, не е задолжително да бидете пастелни и нежни. Напротив, може апсолутно да откачите кога се ноктите во прашање. Па така, во игра се животински принтови, силни бои, и се што ќе ви падне на памет. Слободно дозволете секој прст да биде приказна за себе. Кога веќе имаме по 10 прсти, зошто да мораме да се одлучиме за 1 боја или стил?
Доколку ви се допаднаа овие идеи кажете ни што ќе пробате следно? Текстовите се напишани во соработка со Naisha Nails студио.