Доколку обожавате џин-тоник, најверојатно ќе ви се допаднат и овие малку поинакви варијанти од овој пијалок. Иако е тешко да ни се здосади класиката, сепак, добро е да пробаме и нешто ново. Со оглед на тоа што викендите ги поминуваме во „кругот на домашните“, обидот да бидеме бармени ќе ги направи (малку) поинтересни. Џин-тоник барот го отвораме во нашата трпезарија, а на мени се следните 3 комбинации:
- Цитрон (грејфрут) и бибер
Да, бибер. Односно зрнцата од бибер се еден од најпознатите зачини за џин-тоник. Цитронот пак ќе даде киселкаста цитрусна нота која совршено одговара со џин. Значи: џин (по желба), сок од цитрон, неколку зрна црвен (па, може и црн) бибер и на крај тоник. По желба може да додадете и малку сируп за посладок вкус. Декорирајте по желба. А ако сте веќе во искушение да пробате не мора ни да декорирате. На здравје!
2. Ананас на скара и џин
Баравме откачени, а добри комбинации и ова ни звучеше навистина интересно. Состојки: 50 мл џин, 70мл сок од ананас, 2 кругчиња ананас, тоник и лимон/лимента по желба. Испечете ги двете парчиња ананас на скара или тавче. Исецкајте го ананас от на мали парчиња. Споите го со Џинот и сокот од ананас мешајте 2 минути. Истурите во чаша во која веќе сте ставиле мраз и дополнете со тоник. Забавно!
3. Џин тоник со боровинки и нане
Свеж пијалок, но иако е зима го споделуваме. На дното на чашата ставете замрзнати боровинки, врз нив лед. Додадете џин, па тоник. Неколку ливчиња добро измиено нане. Нежно притиснете ги и додадете ги во пијалакот. Измешајте за да пуштат боровинките малку сок. Супер!
Доколку овие рецепти ви беа малку, ќе споделуваме уште понатаму. Интересен за овој период е Џин-тоник со сок од портокал и малку цимет. Пробувајте, најразлични комбинации. Само внимавајте да не “ве фати”, не мора се да пробате баш овој петок 😉