Понеделник не мора да биде лош ден, особено ако го започнеме со добра музика. Ја прашавме Елена Романова Петровска од Сити Радио да ни препорача 5 песни. Баравме такви кои ќе ја направат секоја недела поубава. Од евергрини до апсолутни хитови, eве ги нејзините предлози:
L.O.V.E – Nat King Cole
Оваа класика е издадена во 1964тата година, ја изведува Nat King Cole и е една од најљубовните песна направени кога и да е. Frank Sinatra, Joss Stone и многу други ја препеаја, и мора да признаеме дека звучат еднакво прекрасно. Љубовна песна за секој ден од неделата. Одлична можност малку да се тргнеме од 2020тата и да се вратиме назад во времето преку песна.
La boheme – Charles Aznavour
Една од најпознатите француски песни на сите времиња La Boheme, е издадена во 1965тата година. Песната раскажува приказна за сликар кој се потсетува на неговата младост на Монтмартр. Тој се сеќева на годините кога бил гладен, но среќен. Оваа песна ги опева последните денови на боемскиот Монмартр. Преработена е на многу јазици и препеана од многу пејачи. Затворете очи и замислете си го Париз во најдобрите денови, а можете да погледнете и некоја изведба на песната во живо. Уживајте!
Probably me – Sting
Стинг е секогаш добра идеја. Стинг и Ерик Клептон со оваа песна веројатно направија револуција. На секој концерт, па и на оној во Скопје, Probably me е една од омилените песни на публиката. Издадена е во 1992 година и со неа пораснаа многу генерации, а особено оние кои ги знаеме како „милениалс“. Ако сакате да слушнете друга верзија од овој вечен хит, слушајте го Грегори Портер кој пред Стинг ја изведува „Probably me“ во свој стил.
„Lost on you“ и „Muddy waters“ – LP
А сега нешто поново! Во 2015 артиската LP, ја објави “Lost on you” песна која буквално го освои светот. Иако оваа песна дефинитвно е најголемиот хит на артистката, сепак мој фаворит е песната „Muddy waters“. На линкот можете да ја слушнете првата, но слушнете ги и останатите песни. LP има навистина убави и пријатни песни за опуштено есенско расположение.
Mumford and sons – I will wait
Листава не би била целосна без еден од најпопуларните бендови на денешницата – Mumford and sons. Песната I will wait е една од нивните најубави песни. Апсолутен хит кој е страшно пријатен за слушање. Тоа е првиот сингл од нивниот втор албум. Пејачот Маркус Мамфорд пее за одржувањето на врска и покрај сите животни конфликти кои се јавуваат попатно.
Се надевам дека ви се допадна нашиот избор. Оставете ни коментар за тоа што слушате овие денови.