Сите сакаме да ослабнеме. Добрата вест е дека тоа може да го направиме со скокање на трамболина. Омилената активност не мораме да им ја оставиме само на децата. Доколку сакате да ги согорите маснотиите околу стомакот и бутовите, доволно е да вежбате на трамболина околу 150 минути вежбање неделно. Нам искрено многу ни се допаѓа оваа идеја. Па првото неа дружење откако ќе излеземе од ова ненормално време, може да вклучи и неколку трамболини.
Како да вежбате на трамболина?
Треба да знаете дека секоја промена бара време. Колку брзо ќе видите резултати зависи од многу фактори како: возраст, тип на тело, генетика, мускулна меморија и особено начин на исхрана. Но едно е сигурно доколку седите и не преземате ништо, нема да видите промена. Во продолжение ви даваме неколку идеи како да вежбате:
- Најдете тренинг во кој уживате.
Тука ја предложуваме трамболината поради тоа што е забавна. Сепак важно е да најдете инструктор кој ќе знае да ве води на интересен начин. Може да биде и онлајн програма. Секако доколку не сте по овој вид на вежбање, досега сме пишувале за повеќе видови на тренинг. Може да пробате со фитнес на шипка, фитнес на висечки обрач (hoop) или класичен тренинг во теретана.
2. Почнете полека па дојдете до вашето ниво на тренирање
Секој нов вид на тренинг е важно да го почнете информирано, со водство и полека. Можеби ви изгледа дека е лесно на почеток, но важно е да се превенираат повреди. Првите недели посветете ги на учење на техниката. Ова ќе ви помогне да уживате повеќе и да имате самодоверба во она што го правите. Доколку претерате на почеток може да се откажете или да се повредите. Не брзајте никаде, односнот со вашето тело е долгорочен.
3. Не се прегладнувајте, јадете здраво и доволно!
Диетите со прегладнување можеби ќе ве ослабнат брзо, но имаат последици. Најчесто по држење на истите метаболизмот се успорува. Телото учи да складира масти и вие бргу се враќате на старата тежина. Исто така доколку премногу се органичувате, голема е веројатноста да потклекнете на искушение. А потоа, следи прејадување, па чувство на вина и повторно прегладнување. Ова не е начин на живот. За да бидете среќни и згодни хранете се здраво најголем дел од времето, внесете од сите видови храна, но умерно и во најздравата форма. Дозволете си (планирано) да внесете нешто кое го обожавате, а не е баш здраво. Така нема да се чувствувате како во затвор.
Тоа е тоа! Нов тренинг, нов начин на живот и скокање високо. На сите ни треба позитива и позитивна енергија. Јас сеуште не сум видела некој да скока на трамболина, а да не е среќен, а вие?
А еве како изгледа Ева Лонгорија додека вежба на нејзината мала трамболина:
View this post on Instagram