Новогодишни ветувања и како да (не) ги оставариме?

Секоја година си даваме нови ветувања, кои многу често не ги остваруваме. Ќе вежбаме повеќе, ќе напредуваме во кариерата, почесто ќе се слушаме со блиските, нема да „паѓаме“ на лоши момци…

Секој си има свое ветување кое никако да го оствари. Некогаш сме премногу строги кон себе, па често сме незадоволни од она што (не)сме го оствариле. Поставувањето превисоки очекувања може да влијае лошо на нас. Сепак, добро е да си ветиме нешто, да се надеваме на подобра верзија од себе. Најважно е, да не се јадеме доколку не ги оствариме. Секој од нас во 2020та направи многу. Многу труд беше потребен за да се преброди годината, да се зачува психичкото и физичкото здравје, да се слушаат негативни пораки секој ден, да не се препуштиме на паранојата… Доколку сте стигнале до тука, сте направиле многу. Тоа треба да си го признаете. Следната година, ќе се обидеме да направиме повеќе, за себе. Ако не успееме, ништо страшно. И 2022, ќе биде нова, Нова година 😉

Па, еве како да ги направиме пореалистични:

  1. Поставете си општи цели како водилки

Подобра грижа за себе; личен развој; здравје и фитнес; врски…

2. За секоја цел објаснете што значи таа за вас, со конкретни активности

Грижа за себе

  • Пробување на нешто ново
  • Помала самокритичност
  • Грижа за психичкото здравје
  • Почест одмор и правење нешто кое го сакате(одење на викенд, седење во полна када, играње со децата, прошетки…)
  • наоѓање на хоби

Личен развој

  • Учење нови јазици
  • Промена на кариера или напредок во кариерата
  • Учење нешто ново поврзано со вашата работа
  • Запишување на курс

Здравје и фитнес

  • почесто вежбање
  • поздрарава исхрана
  • пробување на нов вид на вежбање
  • пиење повеќе вода
  • редовен сон

Врски

  • почесто јавување на најбиските
  • грижа за оние кои ги сакаме
  • избегнување на токсични луѓе
  • дружење со луѓето кои не прават среќни (онлајн, а се надеваме набргу и офлајн)

Финансии

  • планирање на трошоците
  • штедење
  • паметно трошење
  • дискусии со домашните за подобрување на буџетот
  • барање дополнителен прилив

3. Ветете си, единствено дека ќе се обидете

Ова се само примери, вашите цели можат да бидат многу поконкретни. Она што е важно, е меѓунив да има и лесно остварливи цели. Посакајте си да остварите барем по 1 нешто од секоја општа цел. Целете кон подобра верзија од себе, а не „нова јас“. Вие сте прекрасни, може да бидете подобри, ако сакате. Промената бара време, и повеќе обиди. Немојте премногу да се обвинувате ако не успеете се баш оваа година. Не заборавајте да бидете благодарни за она што го имате!

Нека ни е среќна 2021!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!