Секој кој има дете, или познава дете ја знае заразната песна „Baby Shark“. Песната е прегледана над 6 милијарди пати и е веројатно најпопуларната песна за деца моментално. Најзаразните стихови се: „Baby Shark do do do do do do“, „Mamy Shark do do do do do do“, „Dady Shark do do do do do do“…
Ако по некоја случајност не сте ја слушнале еве ја во продолжение:
Искрено се извинуваме што нема да можете да ја извадите од глава. За да биде работата уште пострашна има многу верзии на песната, а има и предизвици за играње на истата. Па, ако вашето дете веќе не е бебе, тоа повторно ќе ја слуша „Baby Shark“, но овој пат вежбајќи и кореографија. Но тоа не се! Песната има милион варијации. Има видеа каде 1 цел час, се пеат овие стихови. И децата ги обожаваат. Ако мислевте дека конечно се ослободивме од повторувањето на Baby Shark, сте се излажале. Еве ја новата верзија на песната за „Денот на вештерките“ – Baby Shark boo boo boo boo booboo…
Инаку позадината на песната е од германски танц, а како и за се, и за оваа песна има бројни полемики за тоа кој треба да биде сопственик на правата на овој (сакале или не) безвременски супер хит! Eве малку чудна, германска, техно верзија од песната:
Сега сте побогати со информации за “Baby Shark”, и опседнати со нејзиниот нереално заразен текст. А ако имате деца, веројатно никогаш не ви излегува од глава:
Baby shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Baby shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Baby shark
Mommy shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Mommy shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Mommy shark
Daddy shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Daddy shark, doo, doo, doo, doo, doo, doo
Daddy shark…“