Нов македонски бренд кој креира „must have“ парчиња

Ние во nea.mk многу сакаме свежи модни иницијативи. Така ги најдовме NAMIKA. Македонски бренд кој има за цел да креира сезонски „must have“ парчиња. Изработуваат парчиња во ограничени количини, грижејќи се за соодветен третман на вработените.

Тие работат преку нивниот онлајн (инстаграм) профил, и велат дека за почеток интересот е огромен. Ги прашавме основачките на НАМИКА, за брендот и еве што ни кажаа: „Целосно сме вклучени во сите чекори од производството на едно НАМИККА парче. Дизајните ги изработуваме ние со особена грижа за материјалите од кои се изработени. Тие се шијат во склоп на мала шнајдерска работилница, со ограничен број на текстилни работнички, но нашата максима е приоритизирање на квалитетот пред квантитетот, како и грижа за условите и правата на секој кој со својот труд допринесува кон производот. “

Цените на производите се пристојни и се движат од 800 до 1300 денари. Со оглед на тоа што работничките се фер платени, оваа цена е релативно ниска. Парчињата се изработени од квалитетни матријали, во ограничени количини, а со нивното купување поддржуваме локален бренд.

Street photo: НАМИКА виолетов топ со бели панталони и сако
Street photo: НАМИКА топ со плетени тренерки
Street photo: НАМИКА Milky white топ со НАМИКА бели тренерки
Street photo: НАМИКА тренерки и бела кошула
Street photo: НАМИКА маица и кожно здолниште
Street photo: НАМИКА топ со бела чанта и плишани панталони
Street photo: НАМИКА тренерки со сива маица и бели патики

„Визијата на нашиот тим е НАМИККА да се развива како разговор. Стремиме кон тоа да сме во постојан дослух со нашите клиенти, не само за да одговориме на нивните модни потреби и желби, туку и како платформа која ќе служи за вокализација и активизам за најразлични теми од општествен интерес. Еволуцијата ни наложува отфлање на застарените парадигми за “совршеното женско тело”, моделите од нашиот бренд се наменети да, токму за совршеното тело, а тоа е секое тело во кое жената се чувствува добро. НАМИККА креира облека што ја прати линијата- на
женското тело кое испишува историја.“-изјавија од НАМИКА за nea.mk

Само напред девојки!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!