Јазикот отсекогаш бил и сеуште е најважната алатка преку која луѓето комуницираат, ги изразуваат своите чувства и мисли. Со оглед на отворањето на пазарот на труд, и популаризирањето на онлајн работењето, јазикот може да биде предност и за напредок во кариерата. Ако некако можеме да го искористиме овој период, кога седиме дома, тоа е така што ќе научиме нешто ново.
И кога веќе не можеме да патуваме, можеме да учиме за културите преку учење на странски јазици. Направивме листа од апликации, дел од нив и бесплатни на кои може да почнете со учење на нови јазици, или да си го „повторите“ она што сте го учеле во дел од јазиците.
1. Duolingo
Ова е бесплатна интерактивна апликација која нуди можност за изучување на преку 35 јазици. Целиот процес на учење е забавен преку мини-игри кои го тестираат вашето знаење за читање, пишување и зборување. Корисниците велат дека ова е одлична апликација за учење на нови зборови, граматика и основна конверзација.
2. 50 Languages
Уште една бесплатна апликација со (како што кажува и самото име) можност за
изучување на повеќе од 50 јазици. Методот кој се применува е комбинација на аудио и текст за ефикасно изучување на јазикот, а со 30 лекции без претходно познавање на
јазикот, оваа апликација ветува дека ќе научите флуентно да разговарате со кратки реченици.
3. Babbel
Оваа апликација нуди една бесплатна лекција, а понатаму за да ја користите треба да ја платите. Овозможува изучување на 14 јазици преку кратки 15 минутни лекции преку кои што ќе се здобиете со знаење за читање, пишување, граматика и конверзација. Оваа апликација е подржана од Yale University и Michigan State University.
4. Busuu
“22 часа со Busuu Premium се еднакви на еден семестар за изучување на јазик” – вака
тврди оваа апликација. Бесплатниот дел нуди основно изучување на јазикот, учење на нови зборови, додека со Premuim делот кој се плаќа вистински и квалитетно се изучува јазикот и граматиката. Оваа апликација нуди изучување на 12 јазици.
5. Rosetta Stone
Трипати наградувана, оваа апликација е една од подобрите за изучување на јазици.
Одлична е за почетници, но и за понапредни корисници. Овозможува изучување на 23
различни јазици, но истата не е бесплатна.
Па, ако сте поднаучиле шпански, од времето на шпанските серии, сега имате можност да го проширите репертоарот и покрај зборовите „маќеа, љубовница, бесрамница, јас не сум твојата мајка и слично“, да научите и нови, попрактични зборови.
И додека учиме странски јазици, и нашата перспектива ја гледаме надвор или во соработка со светски компании, да се потсетиме на домашните автори и творештво. Како следен, ви препорачуваме да го прочитате текстот: „Книги од македонски авторки и автори кои треба да ги прочитате“.