Митови за исхраната #4: Дали сме гладни или не се контролира во желудникот

Многу од нас мислат дека ситоста се контролира во стомакот/желудникот (кога ни кркорат цревата). Но, реалноста е друга…

Центарот за ситост и глад се наоѓа всушност во мозокот. Сите сигнали од периферијата на телото хормоните и метаболитите (хормон за глад: Грелин, хормон за ситост: ЦЦК-холецистокинин (од цревата), глп 1,  хормони од адипозното ткиво: лептин, инсулин, екстензијата на желудникот, метаболитите: глукоза, масни киселини, амино киселини…) сигнализираат до мозокот. Два сета од неврони – arcute nucleus Agrp/Npy и Pomc/Cart во мозокот го регулираат балансот помеѓу земање на храна и трошење на енергија. Првите се невропептиди кои го стимулираат јадењето и намалуваат трошење на енергија, додека вторите се невропептиди кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија и го намалуваат апетитот.

Сигналите од адипозното ткиво како лептин и инсулин ги спречуваат Agrp/Npy(глад) и стимулираат Pomc/Cart(ситост). Ниско ниво на инсулин и лептин стимулира Agrp/Npy и ја прави храната привлечна. Грелин е хормон на гладот кој стимулира глад преку активирање на Agrp/Npy невроните. Тој делува директно на центарот за награда во мозокот и стимулира апетит така што ја прави храната по привлечна.

Можеби е малку комплицирано, но мислевме дека е важно да знаете зошто и кога сте гладни, а кога сити.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!