Меѓуврсничко насилство (булинг) и како да го сопреме?

Меѓуврсничкото насилство како да зема се поголем замав. Каде грешиме? Популарно познатиот булинг, односно насилството во кое нема соодветна распределба на силата, кога посилните се насилни кон послабите, е нешто кое осакатило многу детства. Наместо како општество да се избориме против оваа појава, дозволуваме насилството да се пренесе на интернет. Разликата е што на интернет, насилникот не е 1, не е мала група, тоа е голема група, која може да достигне нереални размери. Децата денеска, се соочуваат со овој исклучителен проблем.

Она што е добро, е дека интернетот во неколку наврати го прикажа лицето на булингот. Нема да ги споделиме видеата со жртвите, бидејќи се премногу тажни, но веруваме дека голем дел од вас ги виделе. Доколку не, вие сте среќни луѓе. Сепак овие видеа, не натераа да престанеме да „мижиме“ пред овој проблем и да им помогнеме на жртвите.

Со самото тоа, како да се освестуваме и конечно да го погледнуваме овој проблем во очи. Но тоа не е доволно. Мораме да ги тргнеме главите од телефонот и да зборуваме со нашите деца, да видиме дали можеби припаѓаат на некоја од групите, жртви или насилници. Тоа е првиот чекор.

Мораме да почнеме да ги учиме децата да бидат добри. Да се потрудиме да ги разбереме, да им всадиме љубов и емпатија кон другарчињата. Исто така важно е родителите да соработуваат со наставниците и педагозите во оваа област. Доколку на родителите им е укажано дека нивното дете се однесува насилно, наместо да го поддржат (што често се случува), или да ја заземат неговата страна треба јасно да укажат на погрешноста на тоа дело. Исто така и да се обидат да разберат од каде доаѓа истото.

Доколку пак гледаме дека детето е тажно, не сака да зборува како поминало на училиште, не сака да оди на училиште, често има модрици, се повлекува премногу во себе… треба да го прашаме, да дознаеме што се случува. Ако не директно, преку некоја игра. Онлајн булингот, како и реалниот можат да водат кон развој на психички проблеми и депресија. Истото не треба да се третира како минлива фаза.

Моментално има и се повеќе инцијативи за борба против меѓуврсничкото насилство. Интересна е најавата за претстава на темата, организирана од балетското студио Bullfrogs во соработка со актери и педагози. Претставата ќе прикаже реални проблеми и искуства на младите со насилството од овој тип. Крајната цел е да повлече дискусија и да се одмотува клопчето. Претставата се вика „Децата од првата клупа“, погледнете го најавното ВИДЕО!

Многу често особено онлајн, децата ги емитираат возрасните, верувајќи дека насилничкиот начин на изразување е прифалив и нормален, доколку тоа го прават и останатите. Треба да им дадеме добар пример, и говорот на омраза и насилното однесување да ги оставиме во минатото. Да мислиме на другите, да се ставиме во нивна кожа, да го осудиме насилството. Важно е да останеме добри едни кон други и на тоа да ги научиме децата.

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!