Мали, слатки подароци срце да ни стоплат

Размислувавме како покрај онлајн дружбите да останеме во „допир“ со нашите најблиски? Со мали слатки подароци секако. За подарување може, но и не мора да има повод. Исто така многу често подароците кои не прават среќни не мора да бидат скапи. Па така, размислувавме на подароци до 500 денари. За нашите другарки, роднини, колешките што не ги гледаме… Епа еве ги нашите 7 предлози:

Откачени чорапчиња.

Толку време поминато во чорапчиња не ни дозволува да ги заборавиме. Коронава покрај онлајн експанзијата, понуди и експанзија на најлуди дизајни на се што е удобно. Па така се чини дека никогаш немало толку откачени чорапчиња по глава на жител колку денеска. Изненадете ја другарката што буквално не излегува од одма. Иако не се гледате секогаш кога ќе ги облече новите топли „другарчиња“ ќе се сети на Вас.

Исти чаши за пијалак.

Да, добро слушбавте. Купете им на другарките исти чаши за коктел или за вашиот омилен пијалак. Јавете им се и напијте се заедно. Не е исто како да пиете заедно, но може да биде интересн ритуал. Зачувајте ги чашите и во подобри времиња пијте од нив додека се подготвувате за диско и/или концерт.

Сладок балзам за усни!

Секако периодов не се шминкаме, а лабело особено во интересно пакување е секогаш добра идеја. Цените се обично многу ниски па може да почастите повеќе од една девојка.

Сет шноли.

Ретко ги купиваме сами, а некогаш едноставно ни се потребни. Затоа се тука другарките. Подарете им сладок сет со шнолички на вашите омилени девојки. Водете се од стилот и омилените бои на секоја. Покажете им дека ги познавате.

Книга!

Да, може да најдете многу одлични книги за цена пониска од 500 денари. Сигурно имате барем неколку другарки кои обожаваат да читаат. Ако нешто имаме во овој период тоа е време за читање. Одберете книга според другарката, прашајте ја што најмногу сака да чита. Друга опција е да ја купите истата книга за сите па да си направите мини читателски клуб.

Рачно изработена честитка со убави зборови.

Овој 8ми Март најубавата честитка ја добив од другарка. Таа сама изработи мали честитки за сите. Залепи мало цветче и ни порача дека сме посебни и свои и дека не сака. Прекрасно. Правењето рачни честитки не мора да заврши во 3то одделение, секогаш е прекрасен гест. И како што реков погоре вреди многу повеќе од ултра скапи подароци.

Кул купка или „бомба“ за бања

Не вистинска бомба, туку кугла која се става во кадата и која ја прави волшебна. Секако може да одберете и кул купка која прави пена. Само бидете сигурни дека другарката има када и истата сака да ја полни. Оние кои се фанови на вакви релаксирачки сесии по долг работен ден ќе ве обожаваат.

Имаме и мнооогу други идеи, но целта е да ви дадеме помалку за да се одлучите полесно. Како и да е, некогаш не се потребни многу пари, туку само малку внимание. Секако, сега повеќе од секогаш ни се потребни пријатели и луѓе кои мислат на нас.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!