Секој, па и малечкиот простор изгледа послично на дома кога е украсен. Со оглед на тоа што годинава, наверојатно ќе славиме дома, време е тие 4 ѕидови да ги направиме магични. Ви препорачуваме 4 начини да избегнете класична елка, која зазема премногу простор, а сепак да си имате елкичка. Овој вид на украсување е одличен за мали станови, соби, кафулиња или канцеларии. Уживајте!
Половинка елка
Купете регуларна елка, но оној дел позади кој и патем секогаш ставаме малку лампиони бидејќи никој не го гледа пресечете го со ножички или со клешти, поставете ја во ќош каде што имате малку повеќе простор и накитете ја. Или пак направете ја само од сијалички како на сликата подолу.
Елка како слика
Оваа елка не зазема простор, добро многу многу малку, исто како да сте закачиле слика на ѕид. А сите имаме барем една во нашиот дом, епа сега можете да ја замените со поновогодишна верзија. Можете да ја направите на два начина: 1. да земете даски или подебели гранки од дрво да ги наредите и адаптирате по должина. Од пократка па се до подолга за да добиете онаа форма на елка. Направете дупчиња на повеќе места на кранките и нанижете ги една под друга на растојание на кое вам ви одговара, а потоа накитете ја. 2. Од даски напревете си мала елкаста конструкција од даски, па на неа да закачете или да залепете гранки од бор со восок (вештачки или природни изборот е ваш). Накитете ја со лесни лампиони и конструкцијата закачете ја на ѕид.
Елка на ќоше
Споевите каде што се спојуваат два ѕида никогаш не се искористени, епа тоа можете да го направите сега. Земете даски и исечете ги од помали кон поголеми парчиња според должината на вашиот простор. Направете два сета од исти даскички, закачете ги на ѕидовите од двете страни на спојувањето. Украсете! Со сијалички и со лампиони по ваш избор и не ја заборавајте дрвената ѕвездичка на врвот од елката.
Ниту недостатокот на финансии, ниту простор, ниту оваа 2020 нема да не сопре да се радуваме на иднината која доаѓа. Затоа, еве како да го искористите буквално секое ќоше. Баш за инат на се што се случува, и затоа што после се, заслужуваме да уживаме, заслужуваме малку светлина и среќичка.