Секоја година имаме два вида осмомартовски реклами од компании, оние кои знаат како и оние кои наместо со жените флертуваат со шака мажи. Зошто велам шака мажи? Затоа што модерен маж, нема да и купи покуќнина на жената за 8 ми март. Таков веројатно знае дека празникот е симбол на женската борба за еднаквост и го почитува тоа. Но, да се вратиме на жените и компаниите. Ќе почнам од позитивните примери, секоја година се повеќе гледаме квалитетен маркетинг. Во него, жените се важни. Тие се успешни, еднакви, свои и посебни и тоа се слави. Таков бренд ќе и се допадне на секоја жена и истата ќе му биде верна. Пример за ова годинава е кампањата на Алкалоид, каде наместо кремите да ги промовираат како „Купете кремичка за поубавата половина“ или „Разубави се со кремичка“, тие ги слават успешните жени во нивниот тим. Жените денеска навистина се самостојни, за жал далеку од еднакви, но чекориме натаму. Па така, тие сами одлучуваат кој бренд ќе го одберат. Брендовите на 21виот век, наместо да им се додворуваат на партнерите на жените, тие почнаа да комуницираат со нивните реални клиентки. Доказ за тоа е дека се менува и брендот кој отсекогаш поставувал нереални стандарди за убавина кај девојчињата – Барби.
А и многу други. Погледнете неколку примери за квалитетни кампањи во продолжение:
Се извинуваме за англискиот, но и замите видеа доста добро ги опишуваат кампањите. Она што е интересно е дека меѓу рекламите има и компании кои до пред некое време комуницираа сосема различно. Па така имаме реклама за детергент која зборува против тоа само жената да се грижи за домот, реклама за барбики која поттикнува девојчињата да бидат успешни жени, и реклама за влошки која покажува колку различно општеството ги цени девојчињата. Светот оди во вистинска насока, а и ние со него.