Излезе новата песна на бендот Funk Shui. Новата песна е „Ветер“, а спотот е „лудница“. Се надеваме сте слушнале барем нешто од бендот. Ние сме слушнале, се. Имаат модерна free flow музика. Членовите на бендот ги сретнавме летово додека работеа на спотот за песната „ВЕТЕР“, кој е сниман на неколку локации низ Македонија. Според некои долгогодишни фанови на бендот оваа песна е една од најдобрите на новиот албум и мора да се слушне.
Носечката песна од албумот – „Метеори“, доживеа регионален успех. Истата ја споделија некои од најпочитуваните музички медиуми во Хрватска, Србија, Словенија, како и други земји од регионов. Па, според приложеното, не очекуваме помалку, ниту од „Ветер“.
Слушнете ја во продолжение:
„Црпејќи мотивација од сопствената средина, протагонистот во песната се соочува со своите способности за решавање на проблемите околу него. Веселоста и текот на песната сe прекинати од страна нa ненадејните напливи на емоција од заразниот рефрен. Преку неколку метафори Лука пробува да долови дека е свесен за сопствените способности, преку персонифицирање со ветрот и неговиот потенцијал да ja исчисти околината. Мелодичната гитара што ја придружува целата песна ја игра улогата на смирување на бурата и ја овозможува завршницата што песна како оваа ја заслужува.“- велат од Фанк Шуи за најновата песна.
Она што секогаш не воодушевува, е колку се различни нивните спотови од се што досега сме можеле да видиме. Во овој спот, има елементи од нивните претходни спотови. Повторно се појавуваат актерката Нина Елзесер, која брилираше во спотот за песната „Виулица“, како и кучето Беки, кое го гледаме и во спотот за „Крик“.
Од овој петок, 23ти Октомври 2020та година песната можете да ја слушнете и на музичките платформи (Spotify, Deezer, Apple Music, Google play, I-Tunes, Pandora, Tidal), додека известувања ќе може да добиете од каналите на Funk Shui на социјалните мрежи.
Со волку добра музика, ниту петокот поминат дома, воопшто нема да биде лош!