Ирина Тошева создава безвременски парчиња облека во колекцијата „Муур“

„2020 година не научи дека во модата повеќе не треба да постои концептот на сезони. Мораме да се насочиме кон создавање на безвременски парчиња облека.“-вака почна разговорот со Ирина Тошева, кога разговаравме за нејзината најнова колекција. Според Ирина колекцијата не е Есен/Зима, ниту Пролет/Лето, таа треба да биде безвременска. Материјалите кои се користени во оваа колекција се сертифицирани, тоа значи дека истите се произведени во хумани услови, работниците се соодветно платени, матерјалите се природни (и непрскани).

Колекцијата „Муур“, значи жиг во времето, затоа што Тошева верува дека оваа колекција ќе остави печат (жиг) на едно време. Во самиот проект учествуваат 15 локални креативни дејци, занаетчии и индустрии.

„Во составот на моделите се застапени текстурирани еколошки материјали во природни тонови, како што се рустичниот памучен жакард, конопот и јутата проткаени со сирова свила, муслин од органски коноп и лен со European Flax® сертификат. За првпат дизајнерката работи со макраме – древна техника на рачно врзување јазли.“

Резултатот е прекрасен… 

Автори на наменски создадената музичка тема за видеото се Katerinha, македонска артистка која живее и работи во Берлин, заедно со продуцентот Антоние Весковски. Имиња за кои допрва надалеку ќе слушаме. 

Фотографиите за едиторијалот се одново дело на Александра Костадиновска, графичкиот дизајн е на Кристина Манчева, за шминката беше задолжен Виктор Мирчевски, додека за фризурата Дарко Петковски.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!