Get The Look: Стајлинг инспириран од Том Форд

Трет на ред, за стилска инспирација ни е брендот Том Форд. Секогаш храбри и различни, не радува тоа што додаваат боја во есенското сивило. За нас, ова се можеби омилените комбинации. Едвај чекаме да можеме да пробаме стајлинзи со сомотни сакоа и здолништа, разнобојни ролки и моќни чизми. Кралската виолетова, темно сината и црната никој не ги комбинира подобро.

Како што кажавме и погоре, црно и тегет никогаш не изгледале толку добро. Сепак ова не е класична тегет боја, повеќе е navy сино или индиго сино. А ролката треба да биде во нежна боја. Секако ќе изгледате неповторливо во оваа комбинација.

Лелеаво и виолетово а сепак рокерски. Браво!

Шарениот тексас, кој изгледа како да е комбинација од повеќе различни парчиња беше огромен хит во 2000тите и 2010тите години. Сепак повторно е тука и изгледа еднакво откачено. Па велиме „Зошто да не?“. Особено во комбинација со минималистичка ролка, црни потпетици и црна јакна (во случајот бундичка).

Повторно сличен стил, но овој пат кратка маичка со фармерки со низок струк. Многу не потсетува на стилот во 2000тите, а вас?

Рокерскиот стил, повторно се враќа. Кожни панталони, дебела штикла со платформа, долг мантил и големи обетки.

Ако ви се допадна овој текст, погледнете ги и другите текстови од Get The Look серијалот Инспирирани од Ralph Lauren, и Мајкл Корс.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!