Дали мајчинството е пречка или предност во кариерниот развој?

Дилемата од насловот веќе подолго време ја разгледуваме. Ако има некое НЗС, тоа е дека се работи за избор. Може да се гледа на децата како најголем мотив, или на мајчинството како пречка во кариерата. Разговраваме со неколку мајки и еве ги нашите информации.

Интересно е дека одговорите кои ги добиваме се различни, па често и спротивставени. Едни велат дека мајчинството им отежнало да напредуваат во професијата, други велат дека им помогнало. Често во корпорации, или големи компании водени од мажи (или жени кои не се мајки), на мајчинството се гледа како нешто лошо. Па така тие често не биле земани во предвид за напредување, иако можеби заслужиле. Од друга страна пак, постојат жени кои мајчинството го користат како поттик. Пример за ова се многу актерки и уметници чија кариера земала различен, посилен замав по мајчинството. Потоа жените кои се мајки и фитнес тренери често се сметаат за најдобар избор, бидејќи знаат како да го вратат телото во форма по пороѓај. Има жени кои почнуваат нова професија, или отвораат свој бизнис во кој им помага ова искуство. На пример, воведуваат производи кои ним како мајки им биле потребни, а ги нема на пазарот.

Некои од жените со кои зборувавме ни раскажаа и дека мајчинството ги освестило. Ги натерало да бараат простор за напредок и да учат нешто ново. Секако, тие станале подобри во огранизација на времето, мултитаскинг, и работат многу пофокусирано и посветено. Од една страна за да си ја подобрат финансиската состојба. Од друга страна затоа што сакале нивните деца да се гордеат со тоа.Секако, тие станале подобри во огранизација на времето, мултитаскинг, и работат многу пофокусирано и посветено.

Најпосле, по се изгледа дека се работи за избор. Односно, како и со секоја друга ситуација, како ќе одлучите да ја насочите енергијата така ќе биде. Живееме во свет на можности, во таков свет создаваме семејства, имаме деца и работиме. Мора да си ја креираме нашата среќа. Сепак, не треба да заборавиме и дека некои мајки ќе одлучат да не работат или да не „бркаат“ кариера. Тоа ќе го направат и некои татковци. И тоа е сосема во ред. Ние сме тука за сите вас, животот е еден (колку што знаеме) и секој има право да си ја креира својата среќа.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!