Се повеќе се актуелизира прашањето на т.н. dating apps. Апликациите каде луѓето бараат љубов и/или секс се повеќе земаат замав, но треба да се користат претпазливо. Нивната актуелност се зголемува со оглед на тоа што за време на оваа пандемија се`, па и запознавањето нови партнери, стана онлајн. Доколку се одлучите да ги пробате еве неколку совети кои треба да ги имате на ум:
- Луѓето не секогаш се она што се претставуваат!
Да, тоа го знаевте… Сепак мислевме дека треба да го повториме. Внимавајте кои податоци за вас му ги кажувате на човек кој сте го запознале онлајн. Сепак, не се сите со најискрени намери.
2. Можно е да се изненадите од познаник кој ја користи апликацијата!
… а и тој од Вас. Кога ќе отворите профил на Тиндер или другите апликации за состанување, бидете сосема отворени за тоа искуство. Со оглед на тоа што „градот е мал“, а во нашиот случај и државава е мала, најверојатно ќе swipe-нете некој кој го познавате. Тоа може да биде симпатијата, а може да биде и некој повозрасен роднина, нема правило. Се надеваме дека ќе ви се случи првото!
3. Прв пат состанете се на јавно место!
Кафуле, бар, ресторан, парк (на место каде има луѓе)… Каде и да одберете, периодов поради Ковид, најдобро е на отворено, гледајте да има луѓе околу вас. Состанокот има за цел да се запознаете, нема потреба да одите во дом на непознат маж/дечко/девојка. Иако градот е мал, сепак има најразлични луѓе, бидете безбедни.
4. Ако менувате партнери, купете си своја заштита.
Не би објаснувале повеќе. Кондоми во ташна, не можете да се потпрете на подготвеноста на партнерот. Истражувањата покажуваат дека треба да се подготвите пред да почне „акцијата“, доколку не сте има голема можност, да не престанете поради заштита.
5. Добра идеја е да се слушнете на телефон пред да се видите.
На овој начин ќе знаете дали постои некаква хемија (макар и преку жица) пред да се сретнете. Сепак средбите во овој период треба да ги доведеме на минимум, ова е добар начин да се редуцира бројот на истите, уште пред да се случат.
Да, сите преферираме реална физичка, романтична средба. Но сепак не треба да гледаме со предрасуди и на овој вид на состанување. Како што би кажала една наша повозрасна читателка „Кога се среќавале преку стројници од другото село, не било поарно“. Така е, секој си ја наоѓа среќата каде што му одговара.