5 серии и филмови кои ги гледаме на Netflix

За продолжен викенд или се патува, или се средува се што одложувавме претходно, или маратонски гледаме филмови и серии на Netflix. Ако го правите последното имаме неколку предлози за вас:

  1. Abstract – документарци за креативни умови

Серијата документарци „Аbstract“ е одличен избор за сите оние кои сакаат да ги гледаат најкреативните умови како работат. Од фотографи, до уметници, до архитекти, графички дизајнери кои го смениле светот… Нивната работа ќе ве инспирира да внесете малку креативност во својот живот без разлика што правите. По секоја епизода ќе се чувствувате полни со енергија и нови идеи.

2. You – Tрилер

„You“ e трилер за дечко кој е опседнат со девојките во кои се вљубува. Толку многу што се обидува да им го контролира животот. Двете сезони се во различни градови во Америка и зборуваат за млади луѓе во нивните 20-30ти години кои по некоја случајност се наоѓаат во мрежата на главниот лик – привлечен, интровертен психопат. Верувајте кога ќе почнете нема да можете да престанете да ја гледате.

3. Emily in Paris – нешто како Sex and The City, ама во Париз

Ако сакате нешто поопуштено гледајте ја првата сезона од „Emily in Paris“, направена од креаторите на „Сексот и градот“ оваа серија е одлична за опуштање. Емили е маркетинг директор кој почнува да работи во модната индустрија во Париз. Таа е од Америка и буквално ја добива работата од соништата. Емили е сингл, па може да замислите како тој факт го прави искуството во Париз уште повозбудливо.

4. Mind Hunter или The Sinner – за оние што сакаат крими серии

Овие две серии буквално не извадија од кондури. Првата зборува за ФБИ единицата која за првпат го воведува концептот на профилирање каков што го знаеме. Имено тие се и првите кои профилираат криминалци, кои денеска ги знаеме како сериски убијци. На филмот ги гледаме некои од најпознатите американски сериски убијци и процесот на нивното испрашување.

Втората, The Sinner, зборува исто така за тешки криминални случаи. Во секоја од сезоните прикажан е различен криминалец, со еднакво вознемирувачка и нереална приказна, а сите ги истражува истиот детектив кој има дискутабилен начин на работа, но дава резултати.

5. Enola Holms – тинејџерски филм за сестрата на Шерлок Холмс

Ако сте фан на Шерлок Холмс и се што е поврзано со неговиот живот интересна ќе ви биде и приказната за Енола Холмс, неговата помала сестра. Таа е еднакво итра и интересна и дефинитивно заслужила свој филм. Ова е филм за целото семејство, односно за сите генерации и е многу позитивен.

Must watch: “La Casa De Papel”, (Куќата од хартија), ако не сте ја гледале оваа шпанска серија по која буквално полуде светот направете го тоа сега. Тие се нашите омилени крадци, а има и зошто. Нема да објаснуваме повеќе, пуштете Нетфликс и уживајте во оваа заразна и возбудлива серија.

Ова се нашите предлози за периодот што следи. Моментално ги гледаме и сериите Dark, Mysteries: Unsolved и Modern Family, па ќе ви кажеме како ни се допаднале набргу.

Единствено во 2020 ние кои со задоволство остануваме дома (и гледаме серии) сме хероите во приказната.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!