Moschino: Куклена ревија за колекцијата Пролет/Лето 2021 (Фотографии и видео)

Марионети облечени во извонредни фустани, ги заменија моделите на последната ревија на брендот Moschino за Пролет/Лето 2021. Пораката која треба да се пренесе е дека годинава целиот свет се „испреврте“. 

Насловена „Без обврски“(No Strings Attached), оваа ревија е можеби најмногу „социјално дистанцирана“ од сите што сме ги виделе. Ревијата е дело на еден од најкреативните, креативни директори во модниот свет – Џереми Скот.

Куклите дизајнирани од Компанијата на Џим Хенсон ја заземаа сцената заменувајќи ги и моделите и публиката. Интересно е дека и кадрите „зад сцената“ се снимени со кукли. Погледнете ги фотографиите и видеата од оваа чудна ревија, која совршено и прилега на годинава во која живееме.

Фотографиите се симнати од платформата Pintrest, и целосно ја долуваат нереално добро направената куклена ревија. Секоја чест за брендот, но ние се надеваме дека набргу ќе може да ни се вратат вистинските ревии, онакви какви што ги сакаме.

Погледнете ги и видеата за да ја добиете целосната слика:

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!