Предлози за „дејт“ кои се прифатливи и во време на Корона

Како состанувањето во 21виот век да не е доволно комплицирано, па 2020 требаше да го (до)комплицира. Оваа година беше навистина проблематична, особено за сингл девојките.

Местата за запознавање на нови луѓе се намалија, маските го кријат половина лице, а најодговорните дечки не ни излегуваат од дома… Во ова време почнаа да цветаат и онлајн платформите за состанување како Тиндер. И доколку, покрај сите пречки, се договори средба местата за состанување се ограничени. Затоа ние ви даваме неколку предлози за „дејт“:

  1. Во парк.

Има причина зошто паркот е класика. Во секој град низ Македонија има барем еден убав парк, а во посреќните и повеќе. Земете нешто за пиење кафенце или пиво, а може и храна за носење. И уживајте!

2. На планина со сиренце и овошје

Ова не го практикувајте доколку е прв состанок. Но, ако планината е полна со други луѓе како Водно може и првиот состанок да ви биде таму. На зајдисонце, на некој летниковец може да биде романтично. Може да донесете и нешто за „мезење“.

3. Земете вино, две чаши и одете некаде надвор

Ова не е врзано за локацијата. Најдете место кое на двајцата ви одговара и разговарајте со малку винце. Внимавајте да не претерате.

4. Возете точак низ градот

Можете да застанете и повторно да ги видите убавините на вашиот град. Бидете туристи на еден ден. (и така годинава ги немаме многу)

5. Играјте карти или табла на отворено. 

Може да слушнете како соговорникот пцуе кога го победувате, ама и тоа е добро да се знае за човек. Бонус совет: мислете на времето, доколку дува подобро е да играте табла, одберете место под стреа ако е врнежлив ден.

6. Гледајте филм заедно, на отворено.

Доколку не успеете да стигнете на некој од филмските фестивали на отворено, можете да земете лаптоп (важно е батеријата да биде полна) и ќебенце, потопла облека и гледајте филм заедно, некаде во природа.

Доколку немате партнер не очајувајте. Сите овие состаноци, може да ги направите и со најдобрата другарка или другар. Деновиве врне, но викендов би требало да не израдува времето. Земете го партнерот за дејт, љубовен или не и уживајте!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!