Меланхолија: македонските девојки сакаат винтиџ облека, брендот не им е важен

Скролајќи на инстаграм, најдовме еден многу интересен профил кој се вика Меланхолија. На профилот може да се купат винтиџ парчиња облека. Овој концепт кај нас е доста нов, а еве што кажаа за Меланхолија (vintage.clothing.skopje) нејзините креаторки.

Најпрво кога ќе влезете во профилот тој изгледа многу убаво, и естетски личи на онлајн продавница, но не е тоа. Имено ова е профил на четири девојки кои сакаат да ја подигнат свеста за одржливата на мода и да им дадат живот на старите, убави и добро сочувани парчиња облека кои ги имаат. Еве што ни одговори администраторката на Меланхолија: „ Облеките доаѓаат од неколку различни профили на луѓе – две бизнис жени, од кои една е светски патник што поголемиот дел од животот го има поминато како архитект во Катар, една модерна девојка со минималистички вкус и око за evergreen облека, и јас, обична девојка што сака да купува облека од концепт-предавнички. “

Ќе се сложиме дека ниту една од нив една не е обична девојка! Ни се допадна идејата да и дадеме нов живот на облеката која ја сакаме, а од некоја причина не ја носиме повеќе. На сајтот за секое парче има оценка од 1 до 10 за тоа колку е сочувано и цена. Она што не радува е дека има и купувачи! По се изгледа македонските девојки сакаат да купуваат винтиџ. Според нив, тоа што парчето е постаро, издржливо и моментално не може да се најде во продавниците го прави вредно. Секако позитивно е тоа што цените на винтиџ парчињата облека се пристојни. И како што расте интересот за овој вид на облека „од втора рака“, така расте и желбата на Меланхолија да станат вистинско модно движење. А тоа значи во иднина да вклучат и други девојки (или дечки), а облеките да доаѓаат од повеќе извори и изборот да биде бескраен.

„Физичка продавница сеуште нема, бидејќи концептот на Меланхолија не е да направи пари, туку да ги “вдоми” овие облеки купени со љубов. Искрено, многу сум изненадена од заинтересираноста на публиката која ретко прашува за брендови, а се интересира за материјали и дизајн. Нашата цел е да ја подигнеме свеста во Македонија за овој вид на мода, наречена “sustainable fashion”(одржлива мода), и да наметнеме култура на купување кај што нема да се бркаат трендови и брендови, туку ќе се бираат издржливи облеки кои ќе се носат со години.-велат од Меланхолија.

View this post on Instagram

 

A post shared by . (@vintage.clothing.skopje) on

Според нашата соговорничка тие се модно движење, а не онлајн продавница и ние им веруваме и им ја даваме нашата целосна поддршка. Затоа што на пазарот има простор за сите облеки и тие не мора да заминат во историјата, со доаѓањето на следната сезона. Особено не оние убавите, издржливите и уникатните, кои ги сакаме и би сакале да им дадеме нов дом.

Среќно девојки!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!