По трендот на прекумерно филтрирање, позирање и менување на изгледот, дојде нов многу поздрав тренд. Имено неколку девојки на Инстаграм меѓу кои предводи Данае Мерсер danaemercer одлучија да ја покажат вистинската слика. Таа е фит девојка, вежба и живее здраво. Сепак, на 33 години има целулит и стрии и не се срами да ги покаже. Целта на нејзините постови е да ги поттикне жените да го сакаат своето тело. Нашите тела не се поминати низ филтри, тие се реални. Оваа инста-девојка со своите 2.2 милиони следачи покажува дека светот едвај чекал некој да покаже вистинско тело.
Некогаш стомакот ни е подуен, некогаш ни се создава целулит, додека стриите ги имаме уште од растење. Инстаграм на почетокот постави страшни стандарди, затоа што инфлуенсерите претпоставуваа дека луѓето сакаат да гледаат само совршенство. Но, со последните години група на храбри жени го менува ова. Тие покажуваат реална слика и се обожавани од публиката. Тоа е така, затоа што конечно гледаме нешто слично на нас. Убаво, но вистинско. Данае прави и видеа во кои покажува како се позира, а што е вистинско. Еве едно од нив:
View this post on Instagram
Немаме ништо против филтрите, едноствно некогаш ни се интересни. Доброто позирање секогаш било модерно. Сепак, не треба да заборавиме дека сме во ред, такви какви што сме. Со стрии, целулит, подуено стомаче, насмеани и свои.