Среќен 8 Март, жени!

Среќен 8 Март за сите жени. За да можеме да одбереме што и кои ќе бидеме. Денеска е ден на жената. Чудно е како во 21век тоа треба уште да го објаснуваме. 8 Март не е денот на мајката, тоа е друг ден. Иако мајките заслужуваат огромна почит и носат огромна сила, сепак треба да знаеме дека денеска ги славиме сите жени. Онакви какви што одбрале да бидат, онакви какви животот ги направил.

Денеска се бориме за нивните права. Жените треба самите да одберат како ќе го живеат животот и што ќе бидат. На 8 Март, а и секој друг ден треба да ги учиме девојчињата дека се еднакви, а момчињата да ги почитуваат како такви. Годинава 8ми март е потежок од која било друга. Потежок е затоа што многу жени мораа да останат без работа. Токму жените беа најпогодени. Тие често работат без осигурување, чистејќи, пеглајќи, шиејќи… за да се прехранат себе и своето семејство. Од жените се очекува да бидат дома со децата кога тие не одат во градинка и на училиште. Па така, многу мајки мораа да одберат помеѓу работата и децата во 2021.

Годинава текстилните работнички беа меѓу најпогодените работници. Покрај тешките работни услови, оваа година многу од фабриките беа огромни кластери на корона вирусот. Затоа што едноставно не може да се шие од дома, а заштитата се чини беше прескапа за газдите. Па така, овој 8 Март се бориме и за нив, за жените работнички и оние кои повеќе не се.

Жените кои работеа во болниците, се враќаа дома во страв да не го фатат и пренесат вирусот на своите деца. Голем дел од нив се соочуваа со дилемата, дали да спасуаат животи или да слушаат онлајн часови?

Но, годинава беше хорор и за жртвите на насилство. Институциите често се глуви на нивните пријави, а многу од нив не пријавуваат поради недоверба во истите и срам. Пандемијата жртвите и насилниците ги затвори во 4 ѕида, а вторите ги направи уште понервозни. Па така годинава треба да се бориме и за нив.

Се бориме и за жртвите на Јавна Соба и најразлични форми на „сајбер“ или „несајбер“ сексуално вознемирување. Се бориме и за жртвите на силување. Мора да се бориме и за тоа да бидат заштитени, а силувачите да бидат пријавени и казнети.

Како жени, ние овој 8 Март стоиме една покрај друга, и неправдите ги земаме како свои и тогаш кога не ни се случиле нам. И тоа е единствениот начин да одиме напред. Тоа е единствениот начин да оставиме подобро општество за нашите ќерки од она кое ни било оставено нам.

П.С. Денеска ќе се одржи женски осмомартовски марш по 15 часот. Не заборавајте доколку марширате да ги почитувате протоколите за заштита од Корона вирусот. Значи покрај кул транспаренти задолжително носете маски над устата и носот.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!