Како да се облечете за следниот онлајн состанок?

Доколку сте како нас, изминатава година имате помеѓу 100 и 100 000 онлајн средби, состаноци, конференции… Ако овој вид на работење има некоја предност, тоа е што не ви е потребна соодветна облека од половина надолу. Воопшто не мора да излегувате од пижами. Единствено што е препорачливо е да не станувате пред камера. Толку.

Некои од нас работат во опуштени средини, каде не мораат да внимаваат ниту на горниот дел од облеката. Сепак, ќе се случи и тоа да треба (барем минимално) да се дотерате. Еве 4 идеи како тоа да не биде истата бела кошула која ја носевте буквално на сите состаноци изминативе 12 месеци.

Нежно џемперче во пастелна боја

Целосно прифатливо за повеќето пригоди. Одлично за овој период од годината. Она што е добро е дека не изгледате предотерани за домашни услови. Доколку баш сакате да се потрудите, може да додадете и нежно ланче, и некое прстенче.

Маичката која веќе ја носевте + сако

Секако, маичката мора да биде чиста и уредна. Додадете убаво сако, а косата може да ја врзете опуштено. Кафето можеби изгледа позерски, но дефинитивно е must have парче особено во текот на некои, не толку интересни, состаноци. И да, насмевнете се. После оваа луда година, и неизвесноста која ни ја носат месеците пред нас, насмевката е најдобар додаток.

Основна бела маица во бизнис стил

Сите некогаш се вариме по дома, и не ни е пријатно да ставиме сако. Ваков вид на затвроена маица, која не е од обичен памук и има подолги, кратки ракави е совршен избор. Ќе изгледате пристојно, не премногу дотерано, а и вам ќе ви биде убаво. Бонус: одлично одговара со пижами во сите бои.

Елек наместо сако

Полека, но сигурно елеците се враќаат на сцената. Доколку сакате да бидете покреативни во однос на облеката од половина нагоре, ова е одлично решение. Може да го комбинирате со кошула или пак со ролка. Доколку одберете елек во боја, она под него нека биде бело или во неутрална боја.

Се надеваме дека ви помогнавме во тоа барем малку да го разиграте вашето прозорче на ЗУМ состанокот. А во меѓувреме се надеваме дека ќе почнеме да се состануваме во живо. Тогаш ви ветуваме продолжение во кое ќе ги додадеме и долните делови од комбинациите. Иако, би било интересно да стане општо прифатено одењето на состанок во пижами. Зошто да не?

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!