Настапот на The Weekend на Супербол совршена забава во време на пандемија

Доколку веќе не го сторивте тоа одвојте 14 минути да го погледнете настапот кој го отвори овогодинешниот Супербол. Настапи артистот The Weekend и тоа сам со поддршка од танчери и хор. Некако се навикнвавме да има гости на овие настапи, но пејачот дефинитивно успешно ја исполни сцената. Настапот бил инспириран од Мајкл Џексон, кој настапувал на Супербол во 1993 година. Она што го прави овој настан уште поспектакуларен се танчерите и хорот кои буквално заслпуваат со нивните совршени движења. Настапот е подготвен во време на корона и под најстроги протоколи. Имено, целиот тим давал (брис) за проверка на дневно ниво, се носела заштита и сите морале постојано да мијат раце. Доказ за тоа е и фактот дека трејлерите – тоалети покажале дека е потрошено три пати повеќе вода од минатата година. The Weekend е пејач кој доаѓа од сиромашно семејство, но успешно создава слава уште во 20тите години. Неговиот најнов албум резултираше со тоа сите 14 песни да се најдат на Билборд 100 листата на најголеми хитови. Тој беше дел и од контроверзија поврзана со Греми наградите. Имено, и покрај тоа што неговара музика ја полуде публиката, тој не беше номиниран за ниту една награда.

Сепак, со настапот на овогодинешниот Супербол, пејачот докажа дека е дефинитивно на врвот за минатата година. Кога е поп музиката во прашање овој 30 годишен продуцент уште многу ќе го слушаме. Доколку не сте го гледале настапот, еве го во продолжение:

Напишете ни кое е вашето омилено Супербол шоу досега.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!