Дали пандемијата нè направи лажговци? Лагите кои најчесто ги кажуваме.

Набргу навршува година дена откако пандемијата дојде и кај нас. На почеток изгледаше наивно, верувавме дека ќе помине за неколку месеци. Смешно… или повеќе тажно. Како и да е, самата пандемија донесе и рестрикции и мерки кои мора да ги почитуваме. Голем дел од нас го прават тоа, ги почитуваат мерките. Најчестите причини, да се заштитиме себеси, и оние кои ги сакаме. И иако може да се случи и со целото внимание на светот да се заразиме, сепак подобро е барем да пробаме да спречиме. Но, дали новото (не)нормално не направи лажговци? Еве неколку лаги кои реално си ги кажуваме и себе.

  • Никаде не сум излегла/ол.

Најверојатно сте излегле. Добро е ако сте носеле маски и сте се труделе да одржите дистанца. Но, веројатноста дека цела година не одите никаде е мала. Сепак, со оглед на тоа колку ретко се случува ова, и колку е непријатно, може да Ви изгледа така. Каде и да одите имате чувство дека некој невидлив натрапник Ве демне. Не знаете како да се однесувате со познаниците… и слично. Можно е да Ви изгледа како да не сте излегле, онака вистински, нормално.

  • Со никој не се гледам.

Исто како и погоре. Најверојатно се гледате. И кога ќе седнеме и ќе си признаеме сфаќаме дека одбираме барем еднаш во неколку месеци да ги видиме блиските. Сепак, доколку ретко се гледате со луѓе надвор од вашиот тесен круг, можно е да имате текво чувство.

  • Седењето дома ми одговара. Повеќе време за себе, за семејството…

Да… кога е наш избор. Но, дури и најинтровертните луѓе имаат потреба од тоа некогаш да излезат. И самиот избор дека можете да излезете, да се забавувате, да пеете, да одите на концерт е доволен. Пандемијата и седењето дома или во ограничен број на места, психички ни влијае на сите. Тука е и стравот, дека може нешто да ни се случи. А уште поголем е стравот дека може да им наштетиме на најблиските и тоа да е наша вина.

  • Не сум седнал/ла во кафана/кафуле од лани.

Најверојатно сте седнале некаде, макар и сами или со +1 член од семејството само за да видите луѓе. Можеби вашиот избор не е кафуле или кафана. Можеби сте биле на Водно во најголемата гужва, во парк, или дома кај другар/ка (само најблиските). Сите се трудиме да бидеме најдобра верзија од себе. Како и да е. Добро е некогаш да си признаеме дека не сме совршени.

Лагите ги кажуваме за да направиме ние, и соговорникот да се чувствуваме подобро. Но, дефинитивно треба да си признаеме, да пробаме да бидеме најдобри што можеме. Ова е ново и дефинитивно ни влијае негативно. Пандемијата можеби ќе заврши за неколку месеци. По неа, ќе треба повторно да се ресоцијализираме. Да научиме да бидеме блиски, да гушнеме и да частиме една тура. Затоа, да пробаме да бидеме помеки и кон себе и кон другите додека трае. И секако, маска и дистанца, но и грижа за менталното здравје.

П.С. Доколку сте читале наши текстови на темава ќе видите дека не веруваме во „новото нормално“, годинава се е ненормално, а единственото нормално се надеваме дека набргу ќе се врати. До тогаш, вирутелно ве гушкаме.

П.П.С Да се потсетиме на еден виртуелен мк хит, од времето кога не беше се толку виртуелно.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!