Интревју со Андреа, македонската, млада пејачка за чија музика слушна светот

Здраво Андреа! Ќе почнеме со неколку кратки прашања. Да се распееме.

Џеси Џеј или Тејлор Свифт?

Џеси Џ

Концерт или диско?

Концерт

Чучњеви или склекови?

Склекови

Зима или лето?

Зима

Скопје или Њујорк?

Њуjорк

 Блузон или фустан?

Блузон хаха

Лабело или кармин?

Лабело

Добро е, мислам дека сме загреани.

Твоите први две песни „I knowи „I don’t know your name“, направија огромен успех. На што се должи тоа, како се прават песни прифатливи за светот, во Македонија?

Успехот се должи на соработката што ја имам на работното место. Почнувајќи од снимање на песните, јас и Масевски имаме многу убава хармонија која ни овозможува континуирано да креираме. Откако ќе го спакуваме нашиот продукт следи следната фаза која што е промоција. За тоа е заслужен мојот тим кој работи 24/7 да бидеме успешни.

Како би го опишала својот музички стил?

Мојот музички стил би го опишала како смеса од повеќе жанрови, во која преовладува поп мелодијата. Но, самата таа мелодија се изведува на  Соул/РнБ начин. Вака наједноставно можам да објаснам.

Сеуште си на Музичка Академија. Колку те научи академијата, и како и дали постигнуваш да студираш и твориш истовремено?

Академијата ме учи да бидам подобар музичар секој ден. Откако се запишав на факултет многу поразлично ја сфаќам музиката и за тоа сум многу благодарна. Искрено би лажела ако кажам дека не е малку напорно во исто време да се студира и твори, но за среќа имам професија која е дирекно поврзана со тоа што го студирам. Така што напорот не го гледам како пречка туку како предизвик.

Доколку небото е граница, каде би сакала да пееш и да настапиш?

Уште како мала сонував да пеам во огромни концертни сали. Со маркерот во рака замислувајќи дека имам публика пред мене и како трпеливо чекаат да почнам да пеам. Тоа е мојот сон. Не ми е важно каде сум или пак на која бина стојам. Сѐ што сакам јас е да ја споделам мојата музика и да инспирирам некого. Ако го постигнам тоа тогаш повеќе не сонувам туку живеам.

Зошто одлучи првите песни да ги издадеш на англиски јазик?

Првите песни одлучивме да ги издадеме на англиски бидејќи така ги напишавме. Мене лично многу полесно и природно ми е да креирам на англиски. Сето ова зависи од тоа како имаш пораснато и од каде црпиш инспирација. Но, на крајот од денот музиката е еден универзален јазик и поважно е дали ќе се поврзеш со неа отколку било што друго.

Она што дефинитивно помага во пеењето на англиски, е твојот совршен нагласок. Каде го учеше англискиот?

Јас како мало детенце на пет години живеев извесен период во Америка. Токму таму јас го научив англискиот јазик и се поврзав со нивната култура. Тоа до ден денес ми помага во креирање на нови дела бидејќи со себе имам вратено некој посебен допир и искуство кое е незаменливо.

Секој има свои омилени пејачки/ изведувачи. Кои се твоите? Чии песни најчесто си ги пееш кога не пееш свои?

Уф, ова е тешко прашање. Многу, мноооогу артисти слушам. Сега овој период ја слушам доста Her, ги слушам Nothing but thieves, Lauryn Hill, Hayley Williams и тука ќе сопрам бидејќи ако продолжам нема да престанам хахаха.

Како е да се почне меѓународна кариера во време на корона?

Искрено не е нешто поразлично бидејќи како и да е сѐ функционира преку социјални мрежи. Но, најклучниот дел недостига, а тоа се настапите во живо. Одвај чекам да заврши целава ситуација за да можеме да се поврземе со публиката како порано. Има еден вид на интимност која не може да се замени со било екран.

Што правиш за време на периодите кога поради пандемијата сме затворени дома?

Истото што го правев и претходно хахах. Нема некои драстични промени во мојот живот бидејќи продолжив активно вежбам, имам часови, одам до студио и обавезно се гледам со пријателите за да не спобудалам. Нешто што многу ми фали е слободната дружба и секако по некоја журка на крајот од неделата за да се опуштиме малку.

Редовно спортуваш, тоа може да се види и од твоите објави на социјалните мрежи. Каков вид на тренинзи се најдобри за тебе, и колку често?

Ау, да. Многу се заљубив во фитнес последнава година и пол. Сѐ на сѐ се чувствувам многу поздраво, физички и психички спремна за било која сфера од животот. Вежбам минимум 4 пати во неделата. Јас преферирам тренинзите да ми се рано наутро за да можам да го започнам денот свежо. Вежбам доста интензивно со поголеми тежини и гледам секоја недела да постигнам повеќе од претходната. Ако издвојам омилени вежби за нозе тоа би биле squats и deadlift, а за горен дел било каков вид на склекови и pull ups.

Што е следно од Андреа?

Од мене следно може да очекувате многу интересни нови проекти. Сега во блиска иднина ќе објавиме проект со ФАМЕС, каде што јас заедно со бендот ќе бидеме придружени од оркестар. Ќе ги претставиме моите песни во друго светло и одвај чекам да видам како ќе го прифти тоа публиката. Се надевам дека оваа година ќе извадиме и албум, не сакам многу да ви откривам, но ќе ви кажам да бидете подготвени. Сремна сум на го оставам сопствениот печат.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!