Сексот и градот 3, без Саманта. Трет филм, со (само три) другарки.

На радост на оние кои ги сакаат, другарките од Њујорк се враќаат со трет филм. „Сексот и градот 3“, бројот 3 најверојатно е среќен за трите другарки Кери, Миранда и Шарлот, но не и Саманта. Имено во последното продолжение на култниот филм, нема да глуми Ким Картал. Овој лик, беше олицетворение на делот Секс, во Сексот и градот, и за многумина омилен лик. Саманта со нејзините невкусни (но кул) шеги и без грижа и оптоварување за тоа „што мислат другите“ ќе биде тешко да се замени.

Како и да е, се радуваме на продолжението. Барем оние од нас кои ја сакаат оваа серија. Имало и има такви кои не се фанови на начинот на кои жените се прикажани во „Сексот и градот“. Сите другарки, се убави, богати, успешни жени. Сепак потрагата по г-дин Совршен, или г-дин Некојси, или г-дин Добро друштво е еден од главните фокуси во Серијата. Од друга страна убаво е да се види женската дружба, поддршка и меѓусебно прифаќање кое го има во серијата. Прекрасно е да се видат девојките кои блескаат и во нивните 50ти години. Едвај чекаме да го видиме официјалниот трејлер. Во продолжение е мал тизер:

Во време кога речиси очајно ни недостигаат другарките и дружбите какви што ги знаеме, „Сексот и градот 3“ ќе дојде како нарачан. Кажете им на другарките!

P.S. За исклучувањето на Саманта се надеваме дека ќе се предомислат во последен момент.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!