Фрида Кало: Од автомобилска несреќа и тешко закрепнување до најубава уметност и моќен активизам

Фрида Кало е уметница која има волшебно, шарено творештво. Таа е позната и како активистка, во чии пораки се огледуваат бројни генерации на бунтовни и паметни жени. Малкумина знаат дека сликарската кариера на Фрида Кало почнува со несреќа.

Таа била жртва во сообраќајна несреќа која настанала меѓу автобусот во кој се возела и трамвај. Како последица на истата, Кало се здобила со фрактура на ‘рбетниот столб. Откако била пуштена од болницата, била приморана да лежи во кревет со гипс на горниот дел од телото. Оваа принудувачка ситуација ја поттикнала да чита книги и да црта. Нејзиниот татко исто така бил сликар, па може да се каже дека талентот е наследен.

Првото нешто кое го насликала било нејзиното стапало кое успевала да го види меѓу покривките од креветот. Оттука изборот на родителите да ѝ подарат кревет со балдахин и со огледало на неговиот таван, за да може да се гледа себеси и боите околу неа. Оттаму започнала серијата на автопортрети.

Оваа уметница чии слики, автопортрети изобилуваат со бои живеела навистина тежок живот. Таа сакала да биде мајка, но таа желба никогаш не и се остварила. Сепак, Кало ја прифатила својата состојба и од неа направила уметност. За љубовната врска со нејзиниот партнер и ментор – Диего Ривера, но и за Фрида има најмлаку три филмови. Последен е култниот „Фрида“ издаден во 2002ра година.

За големината на оваа уметница и активистка зборува и тоа што е првата жена чија слика-автопортрет се наоѓа на поштенска марка од Америка. Портретот е направен во 1933та година, но делата на Фрида и нејзината борба сеуште постојат. За нив се борат и сведочат новите генерации кои се инспирирани од уметницата. Кажете ни во коментар која е вашата омилена уметница?

Дизајните за овие текстови за маркантни жени од областа на уметноста се направени од дизајнерката Матеа Шумковска. И ние сме и неизмерно благодарни.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!