Со оглед на тоа што поминуваме долго време дома, носењето на венче е логично решение. Сепак, оваа зима 2020/21 враќа неколку модни трендови за додатоци за коса кои со нетрпение го очекувавме. На децата родени во 90тите (да, тие деца што ќе наполнат 30 години во 20тите), сигурно ќе им се допаднат. Ги одбравме најспецифичните, или најчудните според нас. Но, општото правило е дека: Се може да биде употребено и да изгледа прекрасно! Експериментирајте.
Трака за коса
Одлична за се од зум состаноци, до готвење и јадење, вежбање, па и излегување, траката за коса едноставно мора да ја сакате! Во 2020, учиме да носиме практична облека и додатоци. Во таа категорија, траката е кралица. Подолу има три примери за тоа како да ја носите. Како што гледате се е дозволено, се додека ја носите со самодоверба и убедување дека „токму така треба да се носи“!
Цвет во коси!
Романтичниот тренд кој беше заштитен знак на 2000тите, повторно се враќа. Овој пат тој доаѓа во различни пакувања, па така може да носите траки, венчиња и шнолички со цвет. Навистина е слатко!
Триаголна марама
И ние мислевме дека видовме се од овој тренд, но не е така. Триаголната марама повторно се враќа на сцената. Овој пиратски/млекарски стил може да изгледа навистина секси доколку добро го искомбинирате. Интересно е дека се враќа во зима. Сепак, марамата е одличен начин како да ги заштитиме своите уши(ња) од студ.
Бисери во коса
Овој тренд не мора да го изведете буквално како на сликата (иако изгледа навистина кул). Сепак, мали бидерчиња, на различни позиции низ косата изгледаат навистина интересно. Иако добро одговараат и со пижами (она што го носиме по цели денови), сепак едвај чекаме да го пробаме овој тренд и во посвечена варијатна.
Венче
Последно, но не и најмалку важно – ВЕНЧЕ. Венчињата за коса се еднакво практични како и траките, со тоа што се малку поелегантни. Ние ги обожаваме, а вие?