Магија, Нокаут, Нови дечки… Македонски “бој” бендови кои ни враќаат спомени

Елена Романова од Сити Радио успешно не враќа во детството со оваа топ листа. Листата завршува со нов модерен бенд, но спомнува и неколку бендови кои ги помниме по веселите текстови и песни. Многу хумор, смешни танцови, добра забава и убави луѓе поминуваат низ спотовите на овие мк бендови👇

Магија – Ќе ми треба магија

Група којашто беше многу популарна кон крајот на ’90. И без разлика што постоеа само три години, издадоа песни коишто ги потпевнуваме и денес. Автор и основач на оваа група беше Јован Јованов. Нивните хитови како “Магија” , “Буду DJ”, Светло се Гасне” , “Помислувам на тебе”, “Низ оган да минувам”, “Кажи ми” и до ден денес ѝ се добро познати на македонската јавност. И секако да не ги заборавиме кореографиите на песните. Сигурно се насмевнувате.

Нови дечки – Забава да бесвест

Сигурно се сеќавате на овие момци коишто никогаш не сокрија дека слабо стојат со вокалните способности, што е можрби и симпатично. Се уште се танцува на оваа песна, но ве потсетуваме и на “Алиби” и ” Пепелашка од наше маало”. Дарко Димитров стои во позадина на популарноста на овие четворица момци. И како беше: преку ден еооо, цела ноќ еоо, луѓе џган џез џез, забава до бесвест. (И оп, сме пораснале)

Нокаут – Телефонскиот број не постои

Се уште популарни на македонската сцена, особено со акустичните концерти изминативе години. Направија пауза и на музичката сцена се вратија во 2006 година. Основач на групата е Никола Перевски – Пере кој заедно со Кирил Колемишевски (втор вокал), Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“. Досега имаат издадено 3 албуми. Им посакуваме и понатамошен успех.

ТНТ – Блиц афера

Андреј Георгиевски или сега Андреј – ДНК со оваа група ја започна својата музичка кариера, заедно со Живко Бадев и Виктор Крстевски. Од тогаш се поминати 24 години. “Во боја” и “Минско поле”, се останатите песни по кои ги препознаваме овие момци. Ве вративме назад нели?

Фанк Шуи – Ветер

Повторно овие момци се на нашата листа. Прво зошто се одлични, а второ зошто се македонски машки состав. Иако далеку поразлични, нови и алтернативни. Покрај останатите песни, сега актуелна е нивната последна “Ветер”, а спотот е јадотката на шлагот. Според многумина, можеби оваа песна е најомилената кај фановите. Ако не стр ја слушнале, направете го тоа веднаш, ако веќе ја знаете, сигурни сме дека ви била на рипит.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!