Стилска инспирација од македонската инста-блогерка Никица Ацева

Од почетокот на инстаграм следиме најразлични блогерки, за модна инспирација. Барем ние. Она што е добро е дека ги следат трендовите и можат да ви дадат идеја, но сепак многу од парчињата облека не се достапни кај нас. Затоа среќни сме, што се почесто има македонски модни блогерки кои со задоволство ги следиме. Една од нив е Никица Ацева.

Блогерката има одлични фотографии и street style комбинации. Соработува со голем број на брендови, чии продукти можете да ги најдете и кај нас. Набргу ќе поразговараме за сите предизвици на одржувањето блог, како и одговорноста која истиот ја носи, со оглед на тоа што „инстаграмџиките“ влијаат на стилот, и мислењето на своите следбеници. Еве неколку комбинации кои барем нам ни дадоа идеја за тоа што да облечеме:

Едноставно, а сепак забавна комбинација. Посебна ја прават рокерските чизми и џемперот врзан како шал, над капутот во иста боја. Ова може да го видиме на неколку фотографии кај блогерката и изгледа доволно интересно за да го пробаме при првата прилика. Секако, перидов овој аутфит, ќе треба да го збогатиме и со маска.

Комбинација на сина кошула, крем пантолони и тегет мантил. Изгледа толку едноставно, и добро истовремено. За помангупски момент, носете машки кондури (оксвордки), патец на страна и шнола.

Долг фустан со црно бели шари и мала ташничка. Оваа комбинација, секако ќе биде запомнета. Сигурно имате бар еден сличен.

Ние ги одбравме овие 3 комбинации, а доколку не ја следите Никица, тоа може да го направите на линкот @nikicaacevа. Искрено ви го препорачуваме овој профил.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!