6 специјалитети кои ќе ги јадеме во Букурешт, а веќе сме ги пробале дома

По радоста дека ќе одиме на Европско сите почнавме да си ги планираме патувањата во Букурешт и Амстердам. Дел од она што го сочинува секое патување е храната. И додека се подготвуваме за навивање проследено со нови интересни вкусови, по се изгледа во Букурешт ќе го јадеме, тоа што сме го јаделе и дома… Сепак, возбудени сме да ги пробаме нивните варијации на овие јадења.

Sarmale (Сарма)

Во Романија сармата, исто како и кај нас, се јаде како национален специјалитет. Веќе добро знаеме како се прави, но она што е различно е дека се служи со палента. Нешто кое тука би било надвор од памет. Секако сармата со кисела зелка најмногу се јаде во зима, додека во летниот период се прави сарма од лозов лист. Изненадување…

Мici (Ќебапчиња)

Мици, или малечките, е името кое Романците го користат за ќебапчиња. Тие, како и кај нас, се главните ѕвезди на секоја домашна скара. Може да ги најдете речиси секаде, а се служат во топол леб. Па така, додека навиваме не море да се грижиме дека ќе ни недостасуваат топли ќебапчиња во лепиња.

Ciorba (Чорба)


Ова е лекот. И доколку победиме (особено тогаш), и доколку изгубиме ќе се случи барем една „не многу трезна“ вечер. За отрезнување, како и ние, така и тие јадат телешка чорба. Секако полесната опција е пилешка супа. Речиси секој, барем еднаш во животот имал насушна потреба од овој третман. Затоа информацијата дека може да ја јадеме и во Букурешт, е бонус.

Salata de vinete (Малиџано салата)

Една од најпознатите крем салати се прави од печен модар патлиџан, кромид, лук и мајонез. Оваа салата кај нас, и во светот е позната како малиџано салата. На топло лебче или кифличка, ќе ве потсети на празиниците.

Salata boeuf (телешка салата)


Уште една крем салата, со мајонез. Слична на онаа која ние ја нарекуваме руска салата, или пилешката крем салата. Како и руската се јаде во текот на Божиќните празници. Комбинација од телешко или пилешко ситно исецкано, со зеленчуци, кисели крставички и мајонез. За разлика од нас, тие ја јадат без ништо, или ја мачкаат на месо. Чудно, но сепак, познат вкус.

Tuica (Алкохол од слива)
Слично како нашата, па и српската ракија од слива. Домашниот алкохол кој го пијат во Романија е направен дома, и со 40% алкохол. Она што е различно е дека има посилна овошна нота. Па, доколку тргне вечерта, внимавајте со Tuica-та бидејќи е многу силна.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!