Серијата „The Queen’s Gambit“, е она за што светот зборува перодов. Секако покрај изборите во САД и пандемијата. И нам оваа тема ни е најомилена. Првата причина зошто треба да ја гледате серијата, е затоа што во фокусот е интелегентна, прекрасна, фасцинантна и несовршена женска хероина. Какви што реално и се жените. Ја глуми Ања Тејлор – Џој. Ова е серија за прекрасно и паметно девојче, кое излезот од тешкиот живот го бара во играта шах. Игра во која е ѓаволесто добра, нервирајќи ги нејзините противници, во најголем дел мажи. Но, не се само жените претставени во добро светло. Па ако втората причина е „шахот“, игра која не сме очекувале да биде толку прекрасна за гледање. Третата нека бидат мажите во животот на хероината.
Зошто?
Ретко гледаме серии, каде имаме силна женска главна улога, а на која машките споредни улоги и се огромна поддршка. Машките улоги, почнувајќи од нејзиниот прв учител, домарот во домот за деца без родители, до нејзиниот најголем противник и нејзините љубовници и се воодушевуваат на нејзината дарба и безрезервно и помагаат. Ставајќи ја на пиадестал, каде што заслужува да биде. Ова се прекрасни, интелегентни мажи, со различни позадини, кои го сакаат шахот и мудроста. Иако дејството се наоѓа во некое минато време, сепак, размислувањето е напредно, онакво какво би сакале да гледаме повеќе.
Шахот во серијата е совршен. Глумците буквално се доловиле, од начинот на мислење, поместување на фигурите, потезите… Сцените и тренингот на актерите се советувани од шахистите Пандолфини (кој бил советник и кога е пишувана истоимената книга во 1982 година) и велемајсторот Гаспаров. Не е ни чудно што се изгледа толку совршено, токму такво е. Глумицата изјавила дека тоа што танцувала, балет и помогнало да ги запомни игрите и потезите слично како кореографии. Според неа, тоа било како кореографија за нејзините прсти.
Покрај приказната, која ќе ве тера да изгледате „само уште една епизода“, додека не ја завршите цела серија, боите и естетиката ќе ве залепат за екранот. Главната хероина, Бет Хармон ќе ве освои со црвената коса, остриот, паметен и залутан поглед, и сериозниот фокус. Ќе ве натера да посакате да играте шах, само за да можете, барем еднаш така да брилирате.
Она што нам ни се допадна е како поднесува пораз. Таа не е совршена, не победува секогаш, губи, но само од најдобрите и на крајот таа е најдобра. Секоја од нас, се нашла во позиција да биде „победена“, во нешто, од Бет, треба да научиме како да победуваме. Но, девојката е и порочна, сака добра облека, убави паметни момци и дружба. Таа е секоја од нас, добро малку попаметна, како на филмовите. Ако не сте ја гледале, ви љубомориме, ако сте ја гледале, зошто да не пак?