Македонска дизајнерка изработува накит кој сакаме да го имаме!

Периодов „истражуваме“ за македонски занаетчики, кои прават рачно изработен накит или облека. Она што не изненадува е дека има се повеќе, и накитот е прекрасен! Наидовме на профилот Marcy’s handmade на Инстаграм. Секое парче е изработено на уникатен начин, современо и шарено. Според нас, иако парчињата се модерни, ништо слично не може да се најде низ продавниците. Изработени се од различни мартијали со фокус на глината и епоксидната смола. Нам ни се допаѓаат и оние со модерни принтови.

Ја прашавме дизајнерката Марија Таир, како би го опишала накитот: „Фраерски, несекојдневен, бескрајно шарен, разигран, неконвенционален, по малку инфантилен, а истовремено прифатен и одлично носен од жени кои ги поседуваат горенаведените епитети.“ Не би додале ништо, само би се сложиле. Прашавме како да си нарачаме (меѓудругото и затоа што сакавме да си нарачаме), едната опција е инстаграм профилот Marcy’s handmade, а другата е во концепт продавницата Error Kolektiv, која е приказна за себе и ви препорачуваме да ја посетите.

Активно изработувам накит од глина веќе 6 години, но под друго име. Како Marcy постојам нешто повеќе од 1 година. Никогаш тенденција не ми беше да заработувам од тоа или да се збогатам… Напротив тоа беше потребата креативно да се изразам, да креирам и да дадам емоција. Се друго се случи природно, без форсирање. Сеуште не сметам дека сум бренд, туку само девојка која сака да ги отелотвори шаренилата кои и се мотаат низ глава. А гледам дека тие шаренила им се допаѓаат на многу девојки и тоа ме радува! Ни објасни Марија за процесот.

Дизајнерката ја прашавме „Дали има интерес?“, одговорот беше „Апсолутно да“, пропратено со најголемата насмевка. Таа вели, дека производството и било предизвик и го почнала за да се изрази креативно. Но оваа година, перцепцијата за изработка на накит и се сменила, кога сфатила дека тоа може да и прерасне од убаво хоби, во професија. А причината е тоа што се повеќе девојки сакаат да купуваат модерни парчиња накит, кои не ги носи секоја девојка на улица, и се уникатни од домашни креаторки.

Ја прашавме и за цените на накитот, и тие варираат во зависност од користените материјали, како и тоа дали е накитот направен по нарачка. Па така почнуваат од 150 денари до 3000 денари за custom made парчиња. Она што е позитивно дека цените не се различни од она што може да се најде по продавниците, а имате можност да носите рачно изработен накит од македонска дизајнерка/занаетчика.

Секако прашавме и за идните планови. Најпрво сакам да го одржам ова ниво на работа, а потоа да го проширам спектарот на производи на што веќе активно работам. Ќе следи и промоција на сите нови соработки кои ги имам со други креативци. А кога ќе си ја пуштам фантазијата си замислувам свое местенце, концепт продавница која до најситни детали е конструирана во мојата глава. А потоа, можеби и да освојам некои други пазари.

Продолжи да сонуваш девојко! Патем со цел да ги поддржиме македонските брендови и креативци ве повикуваме да купувате од нив. Има навистина прекрасни парчиња накит и облека креирани тука. На овој начин, концепт продавниците, пласирањето на производи надвор од Македонија и сето она што денеска е фантазија ќе може да стане реалност за нашите, исклучително талентирани дизајнерки.

Уживајте во оваа галерија и ако веќе не ги следите на инстаграм се @marcy_s_handmade

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!