Што доколку нашите омилени принцези, пораснале во бунтовни тинеџери? Така некако би ги објасниле овие дела. Интересни верзии од Дизни карактерите кои ги знаеме и сакаме креира уметницата Lexis Vanhecke, на ТикТок. Таа црта бунтовни и различни ликови од оние кои сме навикнати да ги гледаме. Сепак изгледаат одлично! Делата таа ги објавува на ТикТок, а фановите често знаат да и направат „нарачка“ за тоа кој лик да го „преобликува“ следен. Нејзините креации имаат на 16 милиони лајкови (допаѓања), а уметницата ја следат над 1.6 милиони следбеници. Еве како изгледаат некои од нашите омилени Дизни Ликови, кога би биле рок, гот или бунтовни млади луѓе:
1. Алиса во земјата на чудата
2. Бела, од „Убавицата и ѕверот“
Уметницата Лексис, е 23 годишна девојка од Охајо која завршила Факултет на уметност. Таа главно слика со маслени бои, но во овој проект експериментира со дигиталната уметност. Овие дела ги прави на апликација, а идејата е да се прикажат нашите омилени ликови, но доколку би живееле во друго време и во други услови.
3. Заспаната убавица
4. Моана
5. Мулан
На прашањето дали според неа, оваа верзија од карактерите е посекси, таа вели дека тоа воопшто не била нејзината цел. Тетоважите и рокерскиот изглед за некои луѓе може да бидат посекси, но фокусот е на нешто друго. Секако смета дека нејзините карактери воопшто не се вулгарни, туку едноставно убави.
6. Покахонтас
7. Трнорушка
8. Снежана
9. Тарзан
9. Херкулес
10. Шенг
11. Принцезата Тиана
Зошто луѓето „полудуваат“ по овие нови верзии на дизни ликовите кои многу уметници ги направиле? Не знаеме, но според уметницата, луѓето ги сакаат Дизни ликовите, и уживаат во тоа да ги гледаат повторно во ново светло. Ние се сложуваме, и сакаме уште!