Oд Spice Girls до Pointer Sisters – листа со женски бендови од Романова

Секоја генерација пораснала со некој од овие женски бендови. Сме ги слушале како девојчиња, па и како повозрасни девојки, а се одлично друштво за дружба со другарките пред да излезете. Додека заедно се подготвуваме и се шминкавме, и гласно пеевме, на комшиите не им беше многу убаво, ама нам ни беше супер. Во продолжение избор од 6 женски бендови и нивните најголеми хитови од Елена Романова од Сити Радио:

Spice girls – Wannabe

Секако дека листата ја започнуваме со еден од можеби најпрепознатливите женски состави. Песна којашто беше објавена во 1996 година (само второ одделение сум била). Сигурно во класот бевте поделени која е Викторија, Гери, Мел Б или Мел С. Интересен податок е тоа што ова е песната којашто најмногу луѓе ја препознаваат во само првите 5 секунди од слушање.

Destiny’s child – Independent woman

Уште еден од најпрепознатливите женски бендови на ’90, па о на ’00 години. Песната е објавена како дел од саундтракот на Charlie’s angels (еве супер предлог за филм за да ви лета паметот). Секако да не ги заборавиме Say my name, Survivor, Jumpin’ Jumpin’… Фино би било да се вратат на музичката сцена нели?!

The Pointer sisters – I’m so excited

Сигурно танцувате и пеете гласно на оваа песна кога и да ја слушнете. Вонвременски хит којшто не излегува од мода (колку и клише да звучи ова). 1982 е годината кога оваа песна беше објавена. Инаку станува збор за песна којашто веројатно е најупотребуваната во многу филмски остварувања. Има и зошто.

Atomic kitten – Whole again

Веројатно еден од бендовите којшто најмногу ги смени своите членки, кога станува збор за женските состави. Конкретно оваа песна е од првата постава и интересно за истата е што девојките успеаја да ги поминат и U2 на светските топ листи. Пуштете ја на најгласно.

The Pussycat Dolls – Don’t cha

Девојките кои беа буквално совршени, од пеење до танцување. И на сцената и на спотовите изгледаат одлично. Основани се во 1995 година, како кабаре група на танчерки. На музичката сцена дебатираат со песната „Sway“ која е саундтрак на филмот „Shall we dance“. Don’t Cha со Баста Рајмс, беше веројатно најголемиот хит. По него имаа песни и со Will.I.Am, како и неколку незаборавни настапи на MTV Music Awards. Групата се распадна во 2010та година, а повторно се состави минатата 2019, со синглот „React“.

Little mix – Woman like me

Женскиот состав на денешницата. Победнички на британскиот X Factor, па потпишаа договор со Simon Cowell. Остварија соработки со многу популарни пеачи. Велат дека се денешните Spice girls, но не знам колку од нас родени во ’90 ќе се согласат со ова. Како и да е прилично успешни, па се надеваме дека нема да се случи некој нивен скандалозен распад.

Тоа е тоа, се надеваме дека набргу ќе можеме повторно да се собереме со друштвото и да си ги пуштиме овие песни. А дотогаш, носете маска и држете дистанца!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!