Митови за исхраната #3: Готвењето ги уништува сите витамини

Често од застапниците на т.н. raw, сирова исхрана слушаме дека готвењето и термичката преработна на храната се лоши, односно дека ги уништуваат сите витамини. Точно е дека дел од витамините може да се уништат и дефинитивно треба да внесеме свежа храна во секојдневната исхрана. Сепак, не сите витамини и хранливи состојки се сензитивни на топлина, напротив некои стануваат и подостапни за нашето тело после термичка обработка.

Eден пример е ликопен кој е доминантен каротеноид во доматот, со големо антиоксидантно дејство. Термичката обработка ја менува структурата (изомеризација од транс-ликопен во цис-ликопен) на овој каротеноид во доматот и го прави полесно искористлив и подостопен за нашето тело. Глукозинолати со антиканцерогено дејство во зеленчукот кој припаѓа на родот Brassica (карфиол, прокељ, кељ, брокула…) се втор пример.  Брокулата подготвена на пареа содржи повеќе глукозинолати отколку сировата брокула.

Нашата препорака е секако да внесувате свежа храна, но и добро да се информирате пред слепо да прифатите некој тренд. Овошјето и зеленчукот во секоја форма се здрави и треба да ги внесувате што почесто. Исцедете си сок од калинка, јадете цитрусни овошја и јаболка, сварете брокула, и изедете домат (во шопска или во сос, секако е здрав). Сега е важно да имаме силен имунитет и секако да носиме маски, држиме дистанца и да внимаваме за себе и за своите најблиски.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
Деспина Костадинова
Деспина Костадинова
Деспина е дипломиран “инженер-технолог по прехранбена технологија”на Технолошко – металуршки факултет при универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Моментално мастер студент на Универзитетот ETH во Цирих, Швајцарија на програма: Food Science ( Major in Nutrition and Health). Кај nea.mk споделува интересни факти за исхраната и нејзината важност.
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!