7 предлози: Што да правите кога надвор врне снег?

А тоа да не е маратонско гледање серии… Покрај прекрасната слика низ прозорот, снегот носи посебна магија. Особено е добро ако падне во тек на викендот, кога не мора да одите на работа. Па, што да правиме кога надвор се е снежно, бело и (кочан) ладно? Еве 7 предлози од nea.mk:

1. Облечете се убаво и излезете!

Оваа зима имавме многу малку снежни денови. Многу малку снешковци, ангелчиња нацртани во снегот, малку борби со снежни топки, малку снежни прошетки. Епа сега е времето, облечете се и излезете.

2. Играјте друштвена игра.

Доколку дома сте барем двајца сигурно има игра која може да ја играте. Детето во нас никогаш не умира. Друштвените игри се совршени за сите генерации, а ги има во најразлични форми. Забавата е загарантирана… во случај да не губите.

3. Планинарете!

Доколку сте активни сега е убаво време за планинарење. Сепак, доколку не сте подготвени не се почнува на вакви услови. Најважно е да имате добра опрема и доволно знаење за теренот кој сакате да го искачите.

4. Направете си чај или какао и читајте.

Нема поубаво од тоа надвор да врне снег, а вие да седите дома стоплени. Ќебенце, чајче и книга. Избегајте од реалноста и креирајте своја преку ликовите со кои ќе се сретнете во неа.

5. Средете го плакарот.

Сите го одложуваме ова со години. Време е. Надвор врне, внатре е хаос. Средете си и направете си удобно и уредно катче. Патем ова може да биде и одлична друштвена игра. Може да се натпреварувате по дома кој прв ќе ги заврши своите домашни задачи. Бонус совет: Музичка позадина може многу да помогне.

6. Направете си вкусни љубовни колачиња.

Без разлика дали ќе славите Валентајн, Трифун или недела, утре добро ќе ви дојдат колачиња. Сега е одлично време да ги направите. Домот ќе мириса прекрасно, а повторно може да си играте со форми и секој да придонесе. Ако сте сами, сами ќе си придонесете, но и сами ќе си ги изедете колачињата.

7. Почнете да учите нова вештина.

Сега е лесно. Кога надвор снежи, а вие имате слободно време може да почувастувате мотивирани да научите нешто ново. Има многу апликации и курсеви кои се едноставни за да почнете. Може да сликате, да учите нови јазици, да учите домашни „направи сам“ финти и слично.

Снегот носи нешто волшебно во себе. Ајде да го искористиме на нешто интересно! Кажете ни во коментар која е вашата омилена дисциплина кога надвор снежи?

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!