Рекламите се најдосадниот дел од секоја програма, но не и овие реклами кои ги одбравме! Пробуваме да откриеме како брендовите им „продаваат“ на жените во 21 век?
Се повеќе брендови почнаа да разбираат дека не им продаваат производи само на „принцези“, модели, и конвенционални лепотици до 25, па така конечно во 21век имаме реклами кои и се обраќаат на женската популација во целост. Кога ни продаваат некој производ преку реклама ние сакаме да ја гледаме вистинската слика, да бидеме различни, посебни, свои – такви какви што сме!
Можеби брендовите конечно вработиле жени во маркетинг тимовите, можеби направиле подобри истражувања, но дефинитивно кампањите стануваат се поинтересни за гледање. Па еве 3 кои ние ги одбравме!
Dove – You are more beautiful than you think
За оваа кампања Dove направиле социјален експеримент. FBI илустратор кој црта Фото-робот цртежи, е поканет да ги нацрта учесниците во експериментот. Секоја од учесничките е ставена зад завеса и се опишува себе, а уметникот ја црта. Пред да влезе во просторијата таа се запознава со уште еден човек (маж или жена). Соговорникот потоа е повтроно седнат зад истата завеса да ја опише жената со која зборувал. На крај ги гледаме двете слики. Таа што ја имаме сами за себе, и реалната. Погледнете кој е резултатот!
Heineken: Cheers to all!
Преводот на кампањата е Живели за сите! Кул кампања чија порака е и жените пијат пиво и мажите пијат коктели. Ги крши социјалните норми, и за жените и за мажите. Но има и друг резултат, прави да ни се пие пиво и/или коктел. Живели!
GoldieBlox & Rube Goldberg: Princess Machine
Следна е можеби нашата омилена реклама за компанија за играчки, основана е од жена со цел „Малите девојчиња да засакаат да бидат инженер(к)и исто колку и таа“. За три години играчките на компанијата стануваат најпродавани. Гледајте ја нивната реклама! Mногу е кул ветуваме. И браво за сите мали мајсторки!
Има уште многу и верувам дека ќе пишуваме повторно на тема рушење на стереотипи на интересен и забавен начин. Како и на тема смешни реклами кои, верувале или не, сакаме да ги гледаме! Ако ви доаѓа на ум некоја интересна кампања, споделете ја во коментар, а ние ќе ги гледаме вашите предлози со задоволство, многу пуканки и пивце (или коктел).
Girls, girls, girls!