Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Дани Димитровска за музиката и настапите за време и по пандемијата: Дожд, па сонце!

Растевме и уште растеме со музиката на Дани Димитровска. Од нејзините ултра популарни песни, до рок свирките, позитивниот став кон живтот и бесната виткана коса, Дани е посебна и на сцената и надвор од неа. Си разговаравме за омиелните песни, новостите, растењето со синот и ситуацијата со сценските и музичките уметници за време на пандемијата. Уживајте!

Здраво, Дани!

Ќе пончеме со кратки прашања за да распееме, па одиме на главното.

Дождови или сонце?

Дожд па сонце. И одново..

Првата или последната отпеана песна?

Секогаш последната

Локни или средена фризура?

Несредени локни, природните..

2000те или 2010тите?

90тите

Паста или Скара?

Рибешко

Во студио или на свирка?

На концерт… ради инспирација. Па во студио.

Море или планина?

И двете

MTV или МТВ?

Мтв

Мислам дека сме спремни, да преминеме на главното.
Слушаме многу новини за тебе, а и ги очекуваме. Но ќе почнаме со прашањето „Каде си сега и што
правиш?“

Дома. Во моментов и периодов сум дома. Секој ден ми е различен.. ми владеат различни емотивни атмосфери во зависност од тоа колку го пуштам умот да копа по зачудувачки теми. Па контам дека во принцип… учам. За себе и бескрајните потенцијали на сите луѓе за добробит кои ги содржиме а не им даваме шанса. Кога сум под инспирација си шкртам во тетратка просто-проширени реченици и рими… Ако бараме лудост, еве, цвеќињата во саксија си добија имиња и ги малтретирам со прашања од типот: како сме денес?

Фото: Бојан Стоилковски

Имаш одлична нова песна. Кажи ни повеќе за неа?

Сеуште сме во исчекување на истата. Се одолговлечи нејзиното промо од оправдани причини. Три женски вокали се здруживме во изнесување на оваа песна која истакнува одлична поента во ова денешно лудило кое го живееме. Тања Станкович (УСА), Светле од Саутпарк и јас. Весна Малинова е потписник на музика и текст а аранжманот е на Дарко Тасев, во продукцијата на Давор Јордановски кој микса од Канада. Ете зошто доцниме.

Често знае да те снема од сцената на одреден период, па да се вратиш со нешто свежо и популарно. Како ги поминуваш тие периоди, дали ти треба време да се фокусираш на музиката за да направиш нешто ново, или играш на она малку да и зафалиш на публиката?

Никогаш не играв игри ниту бев склона кон маркетигшки трикови се со цел популаризација на она на кое работам. Знам дека тоа одлично функционира, но сеуште сум со тезата дека на музиката не и треба ништо друго освен едно озвучување и струја. Не ме снемува тенденциозно, ме има во етерот толку колку што се побарува да ме има. И тоа е во ред.

Фото: Бојан Стоилковски

Помнам дека МТВ Адрија, во добрите денови им даде можност на многу уметници од регионов да бидат слушнати, па така и тебе. Како дојде до тоа „Црвени дождови“ да се слуша на МТВ?

Беше препознаена од тогашната гарнитура на МТВ адриа која не сакаше да преговара, ниту да игра по нечии правила, ниту да исполнува нечии сонови без основа. Беа супер екипа со идеали и верба за музиката во регионов. Пропаднаа секако бидејќи беа малубројни. Тоа искуство на МТВ Адриа ми ги забетонира моите ставови од претходното прашање.

Постои ли нешто кое си мислела дека никогаш нема да го направиш, а сепак на крај се случило? И што е тоа?

Се откажав од порокот цигари.

Како се подготвуваш за настап, имаш ли некој ритуал?

Немам никакви ритуали пред настап. Ко лав сум во тие неколку секунди пред излегување. Ми се потат дланките и едвај чекам да извадам се што содржам.

Досега те слушнавме во рок, поп, џез, блуз и слични варијатни, а многу македонски артисти на некој начин почнуваат да експериментираат и со етно звуци. Би снимила ли нешто народно?

Народната музика ни е кодот. Јас генерално ја засакав музиката преку фолклорот на свои 10 години кога се запишав на играорна. Редовен посетител сум на концертите на Чалгија Саунд Систем и Љубојна. Го обожавам староградскиот народен мелос. Не сум се осмелила да снимам бидејќи не сум мислела дека сум спремна за таква зрелост. Бидејќи за тој мелос потребна е озбилна зрелост. Денес сум сосема отворена за тоа.

Има ли песна која ти е автобиографска, или на некој начин те опишува?

Буквално секоја песна опишува период или чувство од моето цело. Поинаку не би биле песните Вистина. Би биле обични песни без порака. Така би биле исклучително популарни но и празни. Со вакви песни какви што се, во мир се гледам во огледало.

Која е приказната зад оваа слика?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

Аааууу! Искуство за мерак. Тој ден ко за инат дождлив и тмурен јас за прв пат седнав во мојата кола на сувозачка позиција. Он само што доби возачка дозвола. По договор кој гласеше: “прво земи ја возачката, па после ќе ме возиш “, дојде време да исполнам договор. Колената ми се тресеа бидејќи за мене он – дете. Мое дете и веројатно без оглед на годините тоа и ќе ми остане. Денес со целосна доверба уживам во неговата вожња.

Како е да се биде мајка на голем (и според описот) паметен дечко во 21 век. Кој совет би им го дала на новите мајки?

Да се биде свесен дека секој греши, па и мајките. Моќта на извини е доброчудна. Мајки сме, не команданти. Постоиме за поддршка и укажување на вредности. Отвореност и договор куќа гради.

Често те гледавме на сценара на Златна Бубамара, кое е најлудото сеќавање од манифестацијата?

Секогаш е тоа Кили. Неговата спонтаност и способност за скршнување од сценарио е толку харизматична и шармантна што е невозможно да не се насмееш. Тоа не е глумење, туку извор.

Имаше можност да бидеш дел и од филмски сет. Раскажи ни повеќе!

Хомо ми е второ филмско искуство и за разлика од првото (Панкот не е мртов), почувствував стабилност и не пробував да ја сфатам магијата, само и се препуштив. А уствари во тоа било магијата. Кинематографијата ми е озбилна љубов и се надевам на повеќе вакви искуства. Се воодушевував на професионалноста на актерите и начинот на влагање во улогите. Филмот е друга димензија.

Како изгледа твојата работа периодов? Пандемијата погоди многу области меѓу кои и музиката, уметноста, медиумите, угостителството… Сите оние индустрии кои не правеа среќни, заедно и „живи“ како да згаснаа.

Дожд па сонце.

Фала многу, Дани!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!