Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба – три бои.

Рецептот е мој, склопен во далечната 2017 година. Некако ми се врати мозоков во 2017 и 2015, абер немам зошто.

Едно време бев навлечена на чорба од тиква, душата и ја вадев и пробав да ја модифицирам и дополнувам или да ја упропастам. Пробајте по дома па кажете дали ви се допаѓа рецептот.

Ова е чорба што ја јаде и сестра ми! Од досегашното пишување сигурно сфативте дека бате е џимрија и многу малку работи јаде.

Е па ова е една од тие што ги јаде! Да се чудиш.

Денес денов година! Се скапавме работење во двор! Копавме, садевме трева, садевме разни зеленчуци. БаФчата е спремна а богами и расадот. Јас доцнам со расад ама времво беше тиња, не е страшно, ќе ги стигнам и другите ако подоцна почнав.

Обратно пропорционално со изгледот на бавчата е изгледот на тие што ја правеа. Не можам ни да се наведнам ни да се исправам, сé ме боли. Ме болат делови на телово што не сум знаела дека ги имам. Од малото прсте на ракава до малото прсте на ногава, сé ме боли, косава ме боли. Дури го куцам текстов ме болат прстиве па мислам дека ќе имам поголем број на букви голтнато од стандардното пишување.

Катастрофа невидена е мојава некондиција. Арно што беше облачно времето инаку и сонце ќе ме испржеше, па ќе бев комплет неупотреблива наредните неколку дена.
Сега, да го објавам текстов и ќе се фрлам во када полна блокмакс да здивнам троа.

Викендов беше лудница, исполнет со многу работа, убава храна и уште поубави луѓе. Да не беа Јаца и Вено 14 недели ќе го праев ова што успеав со нив за еден ден! Збор што ќе го обележи викендов: МУЛЧ! Кој беше тука, знае.

Е сега, математиката на подготовка на чорбата е едноствна ама зафаќа многу тави и тенџериња 😊

Потребно:

  • 1 тиква (портокалова)
  • 2-3 круши
  • 1 јаболко
  • 1 пакетче грашок
  • кромид
  • путер
  • слатка павлака

Зачини: Сол, бибер, вегета, нане, масло

Тиквата се вари исечена на ситни парчиња. Ако не ве бива за борба со тиквата викнете некој посилен да ја исечи оти знае да е тврда и инаетлива како Буви наша кога ја викаш да дојди и да не ги брка точаците по село.

Ја варите во вода доволно да ги покрие парчињата тиква, не повеќе. Значи, да не ја давите во вода.

Откако ќе се свари, ја оставате на страна сосе водата и му се вртите на кромидот, го сецкате на ситно со помош на техниката ред солзи, ред мрсоли и го запржувате на масло во доволно длабока тава или тенџере за да може да ја собери и тиквата.

Како што омекнува кромидот и фаќа боја, почнувате да додавате со кутлача дел по дел од тиквата и така додека не ја додадете целата тиква. Нека крчка со кромидот 20тина минути. Пред крај додавате сол, црн бибер, троа вегета. Може да додадете и коцка зеленчукова супа во самото варење а може и да не додадете.

Тиквата како таква, треба да се испасира или со стапчест блендер (стално сум сакала да го речам ова 😊 Стапчест блендер) или во соковник или во блендер или со виљушка или ако сакате и со бормашина. Треба да се испасира, тоа е важното. Ќе добиете убава и портокалова топла и убава чорбица и со тоа сте завршиле 1/3 од рецептот.

2/3 Крушите и јаболкото ги миете, лупите, вадите тоа семките од средина, ги сецкате на парчиња и ги запржувате на путер. Пржена круша ми е еден од поубавите вкусови во животот.

Така испржените круши и јаболко ќе ги соедините со 100мл слатка павкала (потрудете се да е од крава, да не е од некакви чудни растителни суровини) и ќе оставите да крчкаат 10 минути. Истата постапка како за тиквата, ќе ја испасирате со стапчест блендер и 2/3 од рецептот ви е готов.

Грашакот се вари во вода со убаво парче путер, малку нане и пред да се досвари се додава сол, бибер. Ќе му ја исцедите 80 % од водата во која што се варел а остатокот ќе го искористите да добиете убав и густ крем од грашак со помош наааа! Стапчест блендер.

3/3 од рецептот се готови.

Сега ги имате сите 3 дела за да биде цела Чорбицата.

Во чинија ги турате по редослед:

Тиква

Грашок

Круша

Декорирате со печени семки од тиква, сончоглед, јатки, врвци од чевли, парчиња целер, мали кромидчиња, карамелизиран морков, луто пиперче или што ви душа сака.

Финтаџиска е на око ама и за сркање е фантастична! Многу убаво се мешаат вкусовите и баш е фина за јадење.

Јас обожавам чорбицава ако е гараметна за спремање и ако треба пола тенџериња да ги завалкам, за мене вреди!

Пробајте па кажете како беше.

Наздравје!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!