Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

6 работи кои би сакале да ги знаевме пред да се запишеме на факултет

Се вративме во студенстските денови. За мене, овие денови биле можеби и најинтересните. Заедно со оние што дојдоа после тоа, ама сега ќе се фокусирам на факултетот. Студентскиот живот е толку интересен, што често забораваме на тоа дека таму сме да учиме. Сепак, добро е да имате некој (налик постара, паметна сестра), да ви даде по некој совет. Па еве, што би сакала јас некој да ми кажеше пред да се запишам на факултет:

  1. Ништо не знаеш за државата и системот.

Извинете. Ова го кажува некој, кој верувал дека секогаш многу знае. Иако кога сме млади знаеме многу, сепак што се однесува до функционирањето на оваа држава не знаеме ништо. Соочувањето со факултетот е соочување со државата, како возрасна личност. Тука ќе научите речиси се. Се за чекање во ред, нелогични правила, ментори, одлични професори, нетоклу одлични професори, колеги, колешки, колегијалност, сопки, забава, работа… Факултетот е одличен трејлер за животот. Со тоа што, како и секој трејлер, кратко трае, ветува многу повеќе и е многу поинтересен. Но, сепак ги дава основите.

2. Организирај ги финансиите! Пари ти требаат и после 10ти во месецот.

Мојот прв хонорар беше 14 000 денари. Бев пресреќна! Свои пари, нема да барам од моите… Татко ми (другарски, во свој стил) се изнасмеа на мојата наивност, и ми рече „Сега ќе видиш колку малку се 14 000 денари“. И беа, особено за мене, која немав идеја како да трошам, па од првиот хонорар тргнав во шопинг, со поклони, со частење, со се!

Во Македонија ретко кое дете пред факултет знае да управува со пари. Факултетот е скап, излегувањето е скапо, скриптите се скапи… Доколку треба сами да го организирате буџетот, добро е да направите добар финансиски план. Особено ако живеете во друг град. Тука се кирии, храна, излегување, превоз… Ако не се организирате месецот ќе го почнете како кралици/кралеви, а ќе го завршите јадејќи леб и путер три оброци дневно.

3. Читална е одлична идеја. Не само за учење.

…најмалку за учење. Во секоја читална, покрај читањето, има и дружење. Таму е студентскиот живот. Имате можност да запознаете нови луѓе, студенти од различни области, студенти кои учат на истиот смер, но се пред вас, колешки од истата генерација… Некои од најдобрите совети за учење, сум ги добила токму од повозрасните колешки. На страна од советите, може да најдете и доживотни пријатели. А, можам да набројам и минимум 3 успешни љубовни врски кои почнале токму таму.

Секако, не во период на пандемија, кога треба да се избегнува групирање. Но, се надеваме дека набргу ќе можеме повторно да се вратиме, меѓу луѓето.

4. Читај фокусирано, разбери го материјалот и користи асоциации!

Знаеме дека некогаш е тешко. Но, доколку не сакате да ја читате истата лекција 100 пати додека не Ви влезе во глава, мора да ја разберете. Дури и најлошиот автор има некоја логика во пишувањето. Пробајте да дознаете што е поентата на реченицата, ако не знаете некој поим прашајте или побарајте на Гугл дополнителни информации. Бидете љубопитни. Доклку знаете некој од областа, прашајте го да Ви објасни. Ќе Ви треба повеќе време при првото читање, но понатаму ќе Ви биде многу полесно. А, ќе добиете и знаење кое нема да испари заедно со алкохолот првиот петок после колоквиумска (испитна) недела. Ова особено важи за оние на општествени науки. Општествените науки се толку логични и човечки, но сепак често се наоѓаме во замката да учиме на памет. Па така, тие стануваат досадни.

5. Никогаш не знаеш кои ќе ти бидат најдобри другари/другарки.

Најубавото нешто на факултет е што (доколку го погодите факултетот) влегувате во свет на луѓе слични на себе. Или барем со слични интереси. Па, така најчесто излегувате од него со некои нови, најдобри пријатели. Барем еден/на! Но, тие се навистина вредни. Дружете се. Без разлика дали тоа ќе биде со две колешки, кои се еднакво повлечени како вас, или со целиот смер затоа што сте people’s person, бидете отворени. Иако на факултет најмногу се дружев со другарките од средно (затоа што отидовме на ист факултет, иако 2 од 3 не припаѓаа таму), сепак таму ја запознавме и Сара од Куманово. Денеска иако таа беше извезена во Ванкувер, Канада заедно со 90% од квалитетниот кадар во земјава, сеуште ја сметам за една од најдобрите другарки. Но, запознав и многу други луѓе кои денеска ми се блиски и без кои не би можела да го замислам тој период од мојот живот. Тоа ќе ви се случи и вам, можеби на различен начин, можеби на сличен, не е важно, важно е да уживате во процесот.

… и да се разбудите за испит после цела вечер „учење“ со другарките/колешките.

6. Останете свои! Никогаш не се знае каде ќе завршите по факултетот.

Факултетот има специфична способност да Ве тера да се влеете во масата. Изгледа како да мора да „припаднете“. Логиката е, овие луѓе учат исто како мене, овие професори знаат најдобро, мора да бидам како нив, така треба… Не! Треба да ги гледате работите низ својата призма и да создавате во насока во која вам ви одговара. Во моето работно искуство сум запознала: 1 новинар и еден комедијант кои завршиле на земјоделски факултет; Филмаџика која завршила социологија; Фитнес тренер кој завршил архитектура; Графички дизајнери кои завршиле финансиски менаџмент; Водителки кои заврши економски… Факултетот ќе Ви помогне во развојот, во тоа да си го пронајдете своето место. Сепак, вашиот пат е само ваш и не може да биде ист како на никој друг. Уживајте во тоа што сте! На право место сте, во право време. А, времето е пред Вас.

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!