10 трикови кои ќе ви помогнат да изгледате самоуверено на фотографии

Не знам дали ви се случило, мене секогаш, да треба да се фотографирате, а буквално да не знаете што да правите со себе во тој момент. Изгледа како сите, освен Вас, да знаат да позираат волшебно пред апарат. Ова секогаш ми ја руши самодовербата пред објективот и крајниот производ не е баш совршен. На наша среќа Фотографката Бони Родригес, прекрасна девојка со облини, ни покажува како да позираме за совршени, навидум спонтани фотографии. Советите се толку лесни, што навистина ми е криво дека не ги знаев порано, но никогаш не е доцна.

  1. Како што ќе видите и на другите фотографии, очигледно, тоа што сме застанувале како засрамено прваче, не било паметно. Не застанувајте право кон камерата. Дијагонално, секогаш е подобро.

2. Повторно сличен совет, но додека седите. Поставувањето на нозете под агол, раката на колено и погледот на страна даваат спонтаност. Бонус е тоа што не мора да гледате во камера. Едната нога ја издолжувате во насока на камерата, а другата е благо свиткана, се изгледа опуштено.

3. Слика до прозор. Поглед кон сонцето, подотворена уста (не претерувајте, буквално само да ги одвоите усните), дијагонално поставено тело, одделени нозе, раката одделена од телото. Мислете на нешто убаво. Што би рекле фотографите кои правеа слики низ училиштата во 2000тите (а и пред тоа), ете не болеше.

4. Рамбо, наспроти бонд девојка. Најчесто (јас) се пронаоѓам во првата поза. Доколку ми успее да уживам, со поглед во далечина и поставена малку дијагонално од апаратот, ќе ве известам. Но, тоа е тајната. Асиметријата, дава поубава дорма. Исправете се.

5. Седење, до ограда или во двор. Доколку сакате да покажете дека уживате во чашата вино треба така и да изледате. Мене двете фотографии ми се навистина слатки. Доколку изгледам како таа на првата, повторно би била задоволна. Но втората фотографија дефинитивно изгледа поопуштено. А телото е издолжено и во баланс.

6. Да, ова е причината зошто гледавме девојки, во бикини, на плажа во Охрид (или Преспа), цело лето. Оваа поза значително го издолжува телото. Не ве „ослабнува“, но го немате „мишелин“ ефектот кој би се појавил неизбежно, и кај најзгодните девојки во првиот случај.

7. Слика на скалички. Изголжена нога, мене ми изгледа дека тоа е најваѓно во втората слика. За поспонтан ефект поставете ја дијагонално од камерата. Таа ги отвора и рацете, но не мора да бидете во толку „дива“ пизиција. Доволно е да не се стуткате.

8. Повторно лицето и изгледа совршено на двете фотографии. Иако малку срамежливо на првата. На вората има постигнато асиметрија, така што ги испакнува колковите. Ногата која „срамежливо“ ѕирка од бањарката ја прави целата фигура подолгнавеста. Бонус е секси изглед. И прстите во „балетски рис“, не знам зошто, но функционира. Само сетете се на балерините.

9. Зимава нема многу да шетаме, па веројатно многу ќе се сликаме дома, седнати на земја. Еве како се прави тоа. Опуштете се, нема што да криете. Ногата од траната на камерата е свиткана и раката потпрена на неа. Другата нога можете да ја свиткате сосема, или да ја испружите. Опуштено лице и поглед како да не сте во дневна (или во случајов на тераса).

10. И кога конечно ќе можеме да си ги видиме другарките, сигурно ќе сакаме да се сликаме заедно. Бидете подготвени. Наместо позата која ја користевме на групни фотографии од 1во до 8мо (т.е. 9то), направете вакви спонтани фотографии. Ќе биде лесно да се смееме тогаш, поглед во камера, едната поблиску другата подалеку, насмевка и тоа е тоа!

Она што ми се допадна кај оваа девојка е што не е манекенка, но еднакво прекрасно изгледа. Наместо да се труди да ги прикрие облините, таа ги истакнува и слави на најдобриот начин. На социјалните медиуми се појавуваат се повеќе девојки кои не сакаат да се претстават како нешто што не се. Па се почесто гледаме самоуверени, прекрасни девојки горди на своето тело. Изгледаат еднакво привлечно и убаво, и им даваат самодоверба на илјадници девојчиња секој ден.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!