Нина Симон – моќна музичарка и гласна активстка

Во нејзината автобиографија, Нина Симон вели дека функцијата на артистот е „…да направи луѓето да чувтсвуваат на едно подлабоко ниво. Тешко е да се опише бидејќи е нешто кое не можете да го анализирате, за да почувствувате како е треба да свирите. А кога ги имате, кога ја имате публиката „навлечено“ на вашата музика, го знаете тоа. Затоа што има некоја наелектризираност во воздухот.“ Токму електричноста и моќта на нејзината музика е она што ја прави Нина Симон толку голема изведувачка. Оваа афро-американска жена, поминува тежок животен пат додека да стане она што била. Според Елтон Џон, таа е најдобрата.

Нина Симон, ги издала хитовите „I Put a Spell on You“, „Feeling good“, „To Love Somebody“ и “Don’t Let Me Be Misunderstood” . Не се сите песни оригинално нејзини, често прави препеви на популарни песни, но на оригинален начин. Таа е родена како Еунис Кејтлин Вејмон во Трион. Нејзините родители работат во црква, нејзиниот татко е свештеник. Првата љубов на пејчаката е пијаното. Почнала да свири на 3 години, по слух и набрзо настапувала во Црквата. Потоа почнува да зема часови по пиано свирејќи ги класиките на Бах, Бетовен… Таа завршила како одлична ученичка и сака да учи класична музика и пиано. Нејзината заедница ги собрала потребните средства, и се надевала дека ќе го оствари својот сон, да стане првата црна пијанистка. За жал, не била прифатена на Факултетот, најверојатно поради бојата на нејзината кожа.

„Ова е светот кој сам си го создаваш, и сега мораш да живееш во него“

До 24 години, подучува млади музичари, дава часови по пијано и не очекува многу. Се додека не се пријавила на конкурс каде почнала да пее во бар. Поради специфичната боја на гласот и виртуозноста на пијаното забележана е од едни од најдобрите продуценти. Така се „раѓа“ Нина Симон, името кое го дознава целиот свет

Останатото е историја, таа потоа соработува со најголемите музички имиња. Специфична е по тоа што нема конкретен стил, туку експериментира, со џез, блуз, поп, класика, па дури и фолк. Можеби тоа е и тајната поради која станува толку омилена кај публиката. Својот глас не го користи само за пеење, напротив, по бомбардирањата на една црква во која се убиени 4 девојки и убиството на активистот Medgar Evers, таа ја согледува потребата да се придружи на движењата за човекови права. Нејзинот придонес е извонреден.

Како што вели и сликата за неа среќата е да биде слободна! И во музиката, и во живтот. Може да кажеме дека со оглед на нејзините извонредни таленти, по се изгледа подобро што не се фокусирала само на класичната музика. Тоа и дало слобода да твори во сите музички жанрови. Жарот за борба за праведност и љубовните премрежја (зад себе имала два неуспешни бракови), ја направиле уште помоќен изведувач. А ние и денеска ја слушаме. Мислевме дека е убава оваа приказна, Нина Симон каква што ја знаеме денеска се родила во време на лична криза, немање работа и фининансии, ситуација во која за жал се наоѓаат многу од нас. Треба само да бидеме силни, и можеби и ние, како и Нина токму во тешкотиите ќе си ја пронајдеме идниот голем успех.

Пуштете си нешто од Нина Симон и уживајте во слободата на нејзината музика. За жал не можеме слободно да шетаме и да се дружиме, но имаме повеќе слободно време за слушање на добра музика.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!