Дали мајчинството е пречка или предност во кариерниот развој?

Дилемата од насловот веќе подолго време ја разгледуваме. Ако има некое НЗС, тоа е дека се работи за избор. Може да се гледа на...

Три варијации на тема „џин-тоник“ и како да ги направите 

Доколку обожавате џин-тоник, најверојатно ќе ви се допаднат и овие малку поинакви варијанти од овој пијалок. Иако е тешко да ни се здосади класиката,...

Која е Дина, девојката чија музика ја слушаме цел ден?

Кога и да се спомене темата македонска забавна(поп) музика, одговорот е дека во последно време немаме ништо ново на естрадата. Епа, со задоволство ве...

Сексот и градот 3, без Саманта. Трет филм, со (само три) другарки.

На радост на оние кои ги сакаат, другарките од Њујорк се враќаат со трет филм. „Сексот и градот 3“, бројот 3 најверојатно е среќен...

Маја готви од А до Ш. Љ – Љутко! Макалото од лук и ореви на Маја

За време на карантинските денови еден од основните превентивни домашни иљачи за јакнење на имунитет и професионално социјално дистанцирање беше Љутко! Макало од лук...

Режисерката Хана Миленковска за претставата „Што е силеџија?“: Децата се наше огледало

Претставата „Што е силеџија?“ е авторски проект на Хана Миленковска и Горјан Милошевски, реализиран во продукција на нивната матична сцена Театар за Деца и Младинци. Текстот и претставата е инспирирана од серија работилници со млади луѓена кои се дискутирало токму на темата насилство и силеџиство. Улогите ги толкуваат Никола Наковски, Петар Стојанов, Матеа Јанковска, Мики Анчевски и Ангела Димитрова. Корегорафијата е на Валентино Апостоловски.

Да почнеме од почетокот како се создаде „Што е силеџија“? Од каде црпевте инспирација?

Инспирацијата генерално ја наоѓам во сопствените пориви за менување на светот на подобо, колку и да звучи наивно оваа изјава, просто е така. „Што е силеџија?“ е проект кој на некој начин со години зрееше пред да се реализира. Низ работата како драмски педагог, некогаш случајно, а некогаш директно, адресирајќи го како тема, повеќепати се занимавав со врсничкото насилство. Контактот со оваа тема низ перспективата на детето ми го освести проблемот дека тоа е еден циклус кој не завршува со созревањето, туку силеџиството само еволуира како што старееме, во некаква форма што е прифатлива во однос на нормите на општеството во кое живееме. Насекаде е околу нас, на паркинг, во маркет, на шалтер, се случува меѓу блиски и меѓу луѓе што прпвпат се среќаваат.  Силеџиството е составен дел од нашите секојдневни интеракции со светот и доколку тоа не почнуваме да го освестуваме во себе, во тоа како се позиционираме во однос на околината, промената која ни е потребна нам луѓето како вид, нема да се случи. Затоа, како веќе возрасна и (релативно) оформена индивидуа чувствувам одговорност да направам се‘ што можам за да влијаам на тој процес, особено кај младата публика. За среќа, имам привилегија да сум дел од ансамблот на Театар за деца и младинци, па имав прилика на матичната сцена заедно со тимот да истражувам на оваа тема, на вистинското место, со вистинските луѓе, за вистинската целна група, младите.

Што забележавте на работилниците со младите? Дали научивте нешто ново од нив и нивните искуства?

За мене лично, важно е дека научив подобро да слушам. Суштински аспект за решавање на проблемот со силеџиството кај младите е развивање на подобри алатки за меѓучовечка комуникација. Во тој поглед најголемот дел од одговорноста според мене е на нас возрасните. Како очекуваме еден млад човек да се гради во квалитетна и функционална индивидуа ако нема цел систем на поддршка што ќе го потхрани тој развој? Мојот вчепаток е дека немањето време и трпение за младите од страна на сите возрасни вклучени во тој процес е голем проблем. Ние возрасните мора да ги слушаме наместо да ги „поправаме“ младите, да ги разбереме и да валидираме потешкотите со кои тие се соочуваат. Да видиме зошто ги бираат баш тие начини за справување со реалноста и од каде потекнува тоа. Работилниците за мене беа едно инспиративно и важно искуство, особено во поглед на тоа што на некој начин „добив дозвола“ да влезам во светот на младиот човек денес, што многу ми помогна, мене лично како човек, а понатаму и во професионален смисол, во поставката на претставата.

Постои ли нешто кое се проткајува во секоја од приказните кои ги раскажаа младите на работилниците?

Па она што погоре го спомнав, недоволната и ненавремена реакција на возрасните, фактот што ја потценуваме важноста на светогледот на децата и младите кога пристапуваме кон решавање на проблемите кои се нивни како и занемарување на нашата лична одговорност како возрасни во креирањето на тие проблеми. Не можеме да ги казнуваме децата и младите за постапки кои тие од нас ги виделе и ги применуваат во недостиг на сопствено решение. Децата и младите се наше огледало и треба да го промениме начинот на кој се огледуваме, да погледнеме подобро.

Увидовте ли разлика во однос на насиството меѓу младите сега наспроти тоа како било кога ти си била во училиштните клупи. Сме направиле ли напредок?

Напредокот лежи во фактот дека за среќа денес почнува повеќе да се говори за овие проблеми,  пристапот кон информации е поголем, има повеќе иницијативи за справување со овој проблем, а и училишниот систем почнува да го детектира и да дејствува иако, по мое мислење недоволно ефективно, засега. Се‘ уште има многу работа. Силеџиството успева да еволуира заедно со нас, наоѓа нови форми и начини, веќе ги свеодчиме штетите од злоупотребата, на пример, на социјалните медиуми како алатка за понижување, посрамување застрашување…

Она што е позитивно, што можам да го воочам од моето лично искуство во развојов на претставава е дека денес младите се поспособни и похрабри во однос на истапување и говорење за проблемите со кои се соочуваат, поподготвени се да се спротистават и да пружат отпор и со тоа да влијаат на прекинување на оној циклус за кој претходно зборував. Не смеме да ја потцениме нивната способност да научат од нашите грешки, а со тоа и да ни одржат лекција за тоа како понатаму.

Кога одиме на претстава, си одиме дома најчесто како попаметни или подобри луѓе. Што, како поука, ќе извлечат младите од претставата „Што е силеџија“?

Целта при создавањето на претставата не ни беше да подучиме како треба, туку да отвориме нова перспектива и да поставиме нови прашање на темата врсничко насилство. Не сум сигурна дека можеме да ги дадеме сите одговори или да решиме нечиј проблем на опиплив начин. Идејата е да го поттикнеме мисловниот процес кај младиот човек, а богами и кај родителот, наставникот, секој кој има контакт со деца и млади, бидејќи иако нашата целна група се воглавно тинејџерите мислам дека ова може да биде добар повод за возрасните за обрнат малку внимание на тоа што им се случува со нивните деца пред нивни очи, а тие не го забележуваат.

Дали и колку вакви теми се привлечни за младите, и колку тие се пронаоѓаат во истите?

Па со оглед на ентузијазмот со кој работеа децата од фокусната група со нас, интересот за оваа тема е голем, затоа што е акутен проблем на ова општество. Подготвеноста на тие прекрасни млади луѓе да се впуштат во работа и да говорат  и дејствуваат отворено навистина пријатно ме изненади. Нивната возбуда што воопшто имаат прилика да искомуницираат со светот на овој начин говори за тоа дека треба да им се создаваат повеќе прилики од овој вид. Сите се справуваат со овој проблем, без разлика на која страна на спектарот се. Среќен, задоволен и исполнет млад човек ретко посега по насилство како решение за проблемите, а тоа младите го разбираат. Потребни им се повеќе содржини наменети за нивна возраст, затоа и добро реагираат на нив.

Колку е посетена претставата? Како изгледаат протоколите за младински претстави во време на пандемија и колку тие ја ограничуваат претставата?

Со оглед на ситуацијата на глобално ниво и позицијата на театарот како уметност која изискува физичко присуство, во моментов можам да кажам дека посетеноста е одлична. Иако сме имале само три изведби, сите биле со пополнет капацитет, согласно новите протоколи, што значи дека третина од гледалиштето е достапно за публика. Во однос на тоа како ситуацијава влијае на квалитетот на самите изведби и процесот на работа, мислам дека ќе треба да помине време за да имам некаква обејктивна дистанца за да можам да формирам став. Се бориме и даваме се‘ од себе, а полесно не е, во секој случај.

Што е силеџија?

Молкот.

Погледнете ја претставата во Театарот за деца и младинци, во првата прилика. Секако со целосно почитување на препораките за заштита од Ковид. 

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Дали мајчинството е пречка или предност во кариерниот развој?

Дилемата од насловот веќе подолго време ја разгледуваме. Ако има некое НЗС, тоа е дека се работи за избор. Може да се гледа на...

Три варијации на тема „џин-тоник“ и како да ги направите 

Доколку обожавате џин-тоник, најверојатно ќе ви се допаднат и овие малку поинакви варијанти од овој пијалок. Иако е тешко да ни се здосади класиката,...

Која е Дина, девојката чија музика ја слушаме цел ден?

Кога и да се спомене темата македонска забавна(поп) музика, одговорот е дека во последно време немаме ништо ново на естрадата. Епа, со задоволство ве...

Поврзани објави

Дали мајчинството е пречка или предност во кариерниот развој?

Дилемата од насловот веќе подолго време ја разгледуваме. Ако има некое НЗС, тоа е дека се работи за избор. Може да се гледа на...

Три варијации на тема „џин-тоник“ и како да ги направите 

Доколку обожавате џин-тоник, најверојатно ќе ви се допаднат и овие малку поинакви варијанти од овој пијалок. Иако е тешко да ни се здосади класиката,...

Која е Дина, девојката чија музика ја слушаме цел ден?

Кога и да се спомене темата македонска забавна(поп) музика, одговорот е дека во последно време немаме ништо ново на естрадата. Епа, со задоволство ве...

Сексот и градот 3, без Саманта. Трет филм, со (само три) другарки.

На радост на оние кои ги сакаат, другарките од Њујорк се враќаат со трет филм. „Сексот и градот 3“, бројот 3 најверојатно е среќен...

Поврзани објави

Дали мајчинството е пречка или предност во кариерниот развој?

Дилемата од насловот веќе подолго време ја разгледуваме. Ако има некое НЗС, тоа е дека се работи за избор. Може да се гледа на...

Три варијации на тема „џин-тоник“ и како да ги направите 

Доколку обожавате џин-тоник, најверојатно ќе ви се допаднат и овие малку поинакви варијанти од овој пијалок. Иако е тешко да ни се здосади класиката,...

Која е Дина, девојката чија музика ја слушаме цел ден?

Кога и да се спомене темата македонска забавна(поп) музика, одговорот е дека во последно време немаме ништо ново на естрадата. Епа, со задоволство ве...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!