Во нејзината автобиографија, Нина Симон вели дека функцијата на артистот е „…да направи луѓето да чувтсвуваат на едно подлабоко ниво. Тешко е да се опише бидејќи е нешто кое не можете да го анализирате, за да почувствувате како е треба да свирите. А кога ги имате, кога ја имате публиката „навлечено“ на вашата музика, го знаете тоа. Затоа што има некоја наелектризираност во воздухот.“ Токму електричноста и моќта на нејзината музика е она што ја прави Нина Симон толку голема изведувачка. Оваа афро-американска жена, поминува тежок животен пат додека да стане она што била. Според Елтон Џон, таа е најдобрата.
Нина Симон, ги издала хитовите „I Put a Spell on You“, „Feeling good“, „To Love Somebody“ и “Don’t Let Me Be Misunderstood” . Не се сите песни оригинално нејзини, често прави препеви на популарни песни, но на оригинален начин. Таа е родена како Еунис Кејтлин Вејмон во Трион. Нејзините родители работат во црква, нејзиниот татко е свештеник. Првата љубов на пејчаката е пијаното. Почнала да свири на 3 години, по слух и набрзо настапувала во Црквата. Потоа почнува да зема часови по пиано свирејќи ги класиките на Бах, Бетовен… Таа завршила како одлична ученичка и сака да учи класична музика и пиано. Нејзината заедница ги собрала потребните средства, и се надевала дека ќе го оствари својот сон, да стане првата црна пијанистка. За жал, не била прифатена на Факултетот, најверојатно поради бојата на нејзината кожа.
До 24 години, подучува млади музичари, дава часови по пијано и не очекува многу. Се додека не се пријавила на конкурс каде почнала да пее во бар. Поради специфичната боја на гласот и виртуозноста на пијаното забележана е од едни од најдобрите продуценти. Така се „раѓа“ Нина Симон, името кое го дознава целиот свет
Останатото е историја, таа потоа соработува со најголемите музички имиња. Специфична е по тоа што нема конкретен стил, туку експериментира, со џез, блуз, поп, класика, па дури и фолк. Можеби тоа е и тајната поради која станува толку омилена кај публиката. Својот глас не го користи само за пеење, напротив, по бомбардирањата на една црква во која се убиени 4 девојки и убиството на активистот Medgar Evers, таа ја согледува потребата да се придружи на движењата за човекови права. Нејзинот придонес е извонреден.
Како што вели и сликата за неа среќата е да биде слободна! И во музиката, и во живтот. Може да кажеме дека со оглед на нејзините извонредни таленти, по се изгледа подобро што не се фокусирала само на класичната музика. Тоа и дало слобода да твори во сите музички жанрови. Жарот за борба за праведност и љубовните премрежја (зад себе имала два неуспешни бракови), ја направиле уште помоќен изведувач. А ние и денеска ја слушаме. Мислевме дека е убава оваа приказна, Нина Симон каква што ја знаеме денеска се родила во време на лична криза, немање работа и фининансии, ситуација во која за жал се наоѓаат многу од нас. Треба само да бидеме силни, и можеби и ние, како и Нина токму во тешкотиите ќе си ја пронајдеме идниот голем успех.
Пуштете си нешто од Нина Симон и уживајте во слободата на нејзината музика. За жал не можеме слободно да шетаме и да се дружиме, но имаме повеќе слободно време за слушање на добра музика.