Легендарни фотографии од јадење пастa додека чекаме водата да зоврие

Зошто? Затоа што е забавно. Дури и децата на две години ќе ви кајжат дека најслаткото јадење се макарони. Најверојатно со сиренце. Па да бидеме реални, од 2 години до сега, единствена прогресија е она што го ставаме на макароните. Станавме поиновативни во сосовите. Но, шпагети со сиренце си остануваат класика.

Шпагетите исто така можат да ве направат зависни и стравствени јадачи. Па така, реалтивно мало девојче/женче со 155-65 сантиметри висина и ништо особено во ширина може да изеде цело тенџере од горенаведниот деликатес. Не прашувајте како знаеме. И да не биде дека ова е така само со нас, обичните смртници. Пастата е уметност сама по себе. Па еве неколку легендарни фотографии, од сите доби од јадење паста. Вие гледајте, а јас да ја ставам водата да зоврие.

И за крај да не заборавиме на оваа, исклучително романтична сцена.

Доколку сеуште не огладневте, навистина не знам што луѓе сте вие. Водата е зовриена. Поздрав!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!